Ветел: Монца е специјална патека за мене!!!
Себастијан Ветел:
“Оваа патека многу ми значи, овде победив за прв пат во мојата Ф1 кариера. Кога ја поминав целта, се присетив на секој дел од мојата кариера. Тоа беше навистина неверојатно. Минатата година не бевме конкурентни, а од оваа трка си заминуваме со победа. Навистина неверојатно. Многу напредувавме како тим и многу сме посилни. Одиме во Сингапур, како и на секоја досегашна трка. Со нетрпение ја очекувам следната трка."
Џенсон Батон:
“Беше навистина забавна трка. Имав многу дуели со Луис, Михаел и Фернандо. Позади нас е уште една добра трка, не успеав да стигнам до лидерската позиција, но секогаш е тешко да се направи тоа од седмата позиција. Имав тежок старт, но беше забавно, атмосферата беше одлична. Мораме многу да работиме за следната трка за да го стигнеме Ветел. Не знам дали денес можев да го победам Себ. Штета што имав навистина лош старт, тоа многу ме чинеше. Завршив добра работа низ боксот и стигнав до втората позиција, но секогаш сакате повеќе.”
Фернандо Алонсо:
“Секогаш е убаво кога си на подиумот во Монца. Штета што немавме сили за нешто повеќе. На почетокот немавме што да загубиме во битката со Ветел, знаев дека тој нема да ризикува премногу бидејќи води во шампионатот со повеќе од 100 поени, па затоа бев малку поостар во дуелот со него. Годинава имавме неколку добри стартови, но кога стартувате од 5-тата ли 6-тата позиција, тогаш немате многу простор за претекнување. Овде, во Монца, знаевме дека ако бидеме меѓу првите стартни позиции ќе имаме доволно простор за претекнување пред влезот во првата кривина. На крајот повторно се мачевме со темпото на потврдите гуми, па така ако имаше уште еден или два кругови, најверојатно ќе го загубев подиумот. Хамилтон загуби 20 до 30 секунди во неговата битка со Шумахер, при што ние успеавме да направиме добра разлика.”