Ветел надмоќно до нова Пол Позиција!!!
Себастијан Ветел повторно надмоќно ја освои својата 13-та овосезонска Пол Позиција и ќе остане запишан во историјата на Индиското ГП како возач кој ја освоил инаугуративната прва стартна позиција. Ветел се изедначи по бројот на освоени Пол Позиции во една сезона со Аиртон Сена и Алан Прост. Потребни му се уште две Пол Позиции и да биде сам на врвот каде сега се наоѓа Најџел Менсел со 14 први стартни места во една сезона. Исто така, ова беше 16-та Пол Позиција за Ред Бул оваа сезона, што претставува нов тимски рекорд.Борбата за второто место ја доби Луис Хамилтон, победувајќи го Марк Вебер, за неколку стотинки, но и покрај освоената втора позиција, Британецот ќе стартува од петтата поради вчерашната казна од три места поназад на стартната листа. Тоа значи дека Ред Бул стартува од првиот ред, Фернандо Алонсо и Џенсон Батон од вториот и добрите пријатели Фелипе Маса и Хамилтон од третиот стартен ред. Да напоменеме дека Маса имаше спектакуларно излетување при својот последен брз круг, кога ја скрши амортизацијата на предното десно тркало на еден од ивичњаците покрај патеката.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКA
1. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ 1:24.178
2. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН 1:24.474 + 0.296
3. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ 1:24.508 + 0.330
4. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ 1:24.519 + 0.341
5. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН 1:24.950 + 0.772
6. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ 1:25.122 + 0.944
7. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП 1:25.451 + 1.273
8. АДРИАН СУТИЛ ФОРС ИНДИЈА без поставено време
9. СЕБАСТИЕН БУЕМИ ТОРО РОСО без поставено време
10. ЏЕЈМИ АЛГУЕРСУАРИ ТОРО РОСО без поставено време
Q2 Најбрзо време: С.Ветел 1:24.657 Разлика
11. ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ РЕНО 1:26.319 + 1.662
12. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП 1:26.337 + 1.680
13. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА 1:26.503 + 1.846
14. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС 1:26.537 + 1.880
15. БРУНО СЕНА РЕНО 1:26.651 + 1.994
16. РУБЕНС БАРИЧЕЛО ВИЛИЈАМС 1:27.247 + 2.590
17. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР 1:27.562 + 2.905
Q1 Најбрзо време: В.Петров 1:26.189 Разлика
18. КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР 1:27.876 + 1.687
19. ХЕИКИ КОВАЛАИНЕН ЛОТУС 1:28.565 + 2.376
20. ЈАРНО ТРУЛИ ЛОТУС 1:28.752 + 2.563
21. НАРАИН КАРТИКЕЈАН ХРТ 1:30.216 + 4.027
22. ДАНИЕЛ РИКАРДО ХРТ 1:30.238 + 4.049
23. ЖЕРОМ Д` АМБРОЗИО ВИРЏИН 1:30.866 + 4.677
24. ТИМО ГЛОК ВИРЏИН 1:34.046 + 7.857
107% време: 1:32.222
Изречени казни:
-Петров има казна од пет стартни места назад поради инциденот со Михаел Шумахер во Кореја-Перез е со казна од три стартни места назад заради игнорирање на жолтите знамиња во првиот слободен тренинг
-Хамилтон исто така е со казна од три стартни места назад заради игнорирање на жолтите знамиња во првиот слободен тренинг
-Рикардо заработи пет стартни места назад поради смена на менувачот.
-Картикејан заработи пет стартни места назад поради блокирање на Шумахер.