Победничкиот подиум на првото Индиско Гран При!!!
Себастијан Ветел имаше идеален викенд во Индија освојувајќи ја Победата, Пол Позицијата и Најбрзиот круг. Перфектен Хет-трик незагрозен во ниту еден момент. Добар стар на почетокот и водеше до крајот на трката.
Повторно борбата беше само за второто место до кое дојде Џенсон Батон, а последното место на подиумот за Фернандо Алонсо. Очекувањата за интересна трка не се исполнија, а повеќето престигнувања беа при застанувањата во боксовите и со помош на подвижното задно крило. Можеби расположението не беше на потребното ниво и поради трагичните инциденти на Ден Велдон и Марко Симончели.На стартот Џенсон Батон успеа да го помине Марк Вебер за второ место, а потоа се случи инцидент во задниот дел на колоната по која Кобајаши не успеа да ја продолжи трката. Фелипе Маса на стартот успеа да се справи со Хамилтон а потоа следуваше интересна борба, а Хамилтон се обидуваше да го помине Маса, сите очекуваа дека никој од двајцата возачи при близок дуел нема да попушти, и така бидна нов судир меѓу нив. Британецот сакаше да го помине Маса од внатрешната страна, Маса нагло затвори и предното крило на Луис Хамилтон се скрши. Маса излезе надвор од патеката, но успеа да се врати.
Хамилтон помина низ боксовите по ново предно крило, а Маса по заработената казна за овој инцидент. Но денес Маса како да беше решен да не ја заврши трката, па повторно мина низ рабниците и повторно го скрши предниот амортизер, но овој пат настрада десното предно тркало. Марк Вебер никако да се навикне на новите гуми на Пирели, повторно влезе прв во боксот по тврдите гуми кај вторите смени, а тоа му овозможи на Фернандо Алонсо да остане малку подолго на патеката и при промената да се најде пред Австралиецот.
Интересна тактичка борба имаше и во тимот на Мерцедес ГП, каде Михаел Шумахер успеа да го помине тимскиот колега по влегувањето во боксовите. Поени освоија уште Хамилтон, Алгуерсуари, Сутил и Перез.
Индиско Гран При, Нојда, Њу Делхи, Индија.
60 круга, 308.220км, Време: Сончево, но патеката со многу прав.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ 1ч30:35.002
2. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН + 8.433
3. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ + 24.301
4. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ + 25.529
5. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП + 1:05.421
6. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП + 1:06.851
7. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН + 1:24.183
8. ЏЕЈМИ АЛГУЕРСУАРИ ТОРО РОСО + 1 круг
9. АДРИАН СУТИЛ ФОРС ИНДИЈА + 1 круг
10. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР + 1 круг
11. ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ РЕНО + 1 круг
12. БРУНО СЕНА РЕНО + 1 круг
13. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА + 1 круг
14. ХЕИКИ КОВАЛАИНЕН ЛОТУС + 2 круга
15. РУБЕНС БАРИЧЕЛО ВИЛИЈАМС + 2 круга
16. ЖЕРОМ Д`АМБРОЗИО ВИРЏИН + 2 круга
17. НАРАИН КАРТИКЕЈАН ХРТ + 3 круга
18. ДАНИЕЛ РИКАРДО ХРТ + 3 круга
19. ЈАРНО ТРУЛИ ЛОТУС + 4 круга
НАЈБРЗ КРУГ: СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ, 1:27.457
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ При круг
ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ 33
СЕБАСТИЕН БУЕМИ ТОРО РОСО 25
ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС 13
ТИМО ГЛОК ВИРЏИН 3
КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР 1
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН ПО 17 ТРКИ:
ВОЗАЧИ: КОНСТРУКТОРИ:
1. С.ВЕТЕЛ 374 1. РЕД БУЛ 595
2. Џ.БАТОН 240 2. МЕКЛАРЕН 442
3. Ф.АЛОНСО 227 3. ФЕРАРИ 325
4. М.ВЕБЕР 221 4. МЕРЦЕДЕС ГП 145
5. Л.ХАМИЛТОН 202 5. РЕНО 72
6. Ф.МАСА 98 6. ФОРС ИНДИЈА 51
7. Н.РОЗБЕРГ 75 7. ТОРО РОСО 41
8. М.ШУМАХЕР 70 8. ЗАУБЕР 41
9. В.ПЕТРОВ 36 9. ВИЛИЈАМС 5
10. Н.ХАЈДФЕЛД 34
11. А.СУТИЛ 30
12. К.КОБАЈАШИ 27
13. Џ.АЛГУЕРСУАРИ 26
14. П.ДИ РЕСТА 21
15. С.БУЕМИ 15
16. С.ПЕРЕЗ 14
17. Р.БАРИЧЕЛО 4
18. Б.СЕНА 2
19. П.МАЛДОНАДО 1