Хулкенберг импресивен во Форс Индија, Ред Бул брз, Ферари и Мекларен го зголемија нивното темпо, но......
Хулкенберг го постави неговото најбрзо време во утринските моменти од сесијата. Како што кажавме Германецот го извозе неговиот најбрз круг на супер меките гуми на Пирели. Втор беше Серџо Перез со слична тактика, веднаш зад нив трет беше Себастијан Ветел.
Ферари со Алонсо го постави најбрзото време во последните минути и барем малку го подобри впечатокот за италијанскиот тим.
Денес повеќето тимови беа ориентирани на подолги стинтови т.е. симулација на трка. Ред Бул и Мекларен работеа на симулација на трка, со стинтови од речиси цела една трка, проследени со неколку пит-стопа, каде што беа менувани гумите. Исто така, Мекларен и Хамилтон имаа слична тактика, но Ред Бул беше значително побрз од Мекларенот...

П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. НИКО ХУЛКЕНБЕРГ ФОРС ИНДИЈА 1:22.608 112
2. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР 1:22.648 +0.040 85
3. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ 1:22.891 +0.283 104
4. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ 1:23.180 +0.572 87
5. ДАНИЕЛ РИКАРДО ТОРО РОСО 1:23.639 +1.031 48
6. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН 1:23.806 +1.198 120
7. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП 1:24.555 +1.947 82
8. ВАЛТЕРИ БОТАС ВИЛИЈАМС 1:25.738 +3.130 117
9. ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ КАТЕРАМ 1:26.605 +3.997 69
10. ЧАРЛС ПИК МАРУСИЈА 1:27.343 +4.735 108