Шпанските Ф1 фанови очекуваа многу повеќе од Алонсо и Ферари!!!
Нико Розберг го задржа Мерцедес ГП најбрз на патеката Херез и на третиот ден од тест сесијата. Роман Грожан со Лотус овој пат беше најбрз од 2012 болидите. Грожан ги импресионираше неговите шефови, па по поставување на најбрзо време со нов сет на гуми, еден од шефовите, Алан Перман на Твитер објави: "RG 1st set new tyres 18.9.... Sweet". По неколку круга неговото најдобро време беше 1:18.419, најбрзо време досега поставено од 2012 болид.
Себастијан Ветел беше трет најбрз на првиот ден во RB8. Водеше блиска борба со Луис Хамилтон, кој изгледаше многу расположен за брзи времиња, но го постави само четвртото најбрзо време.
Публиката на Херез очекуваше од Алонсо и Ферари Ф2012 да покажат што знаат, но од Италијанскиот тим смирено одговараат: "Што повеќе кругови за аеродинамички мерења. Ова е многу важна работа, со цел да се добие повеќе разбирање за однесувањето на болидот." Ако и утре не покажат брзина, Ферари најверојатно го очекува уште една сезона каде тешко ќе стигнува до Победи на трките. Денес Шпанецот имаше проблеми со хидрауликата на својот Ф2012.
Првото црвено знаме денес го предизвика Бјанки, кога со болидот на Форс Индија излета веќе во својот трет круг и го оштети својот болид, па до крајот на тест сесијата не успеа да постави време. Од Форс Индија се надеваат дека навреме ќе им стигнат деловите од Англија, за утрешниот ден. Ван дер Гард беше причината за второто и последно црвено знаме во попладневните часови, кога неговиот Кетерам заврши покрај патеката, но не го оштети болидот.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП 1:17.613 74
2. РОМАН ГРОЖАН ЛОТУС 1:18.419 +0.806 53
3. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН 1:19.464 +1.851 38
4. ЖАН-ЕРИК ВЕРН ТОРО РОСО 1:19.734 +2.121 41
5. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР 1:19.770 +2.157 31
6. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ 1:20.154 +2.541 28
7. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ 1:20.412 +2.799 29
8. БРУНО СЕНА ВИЛИЈАМС 1:21.293 +3.680 61
9. ГИДО ВАН ДЕР ГАРД КЕТЕРАМ 1:23.505 +5.892 40