Конечно, Алонсо ги израдува домашните навивачи !!!
Фернандо Алонсо го постави најбрзото време на 4-от ден од тест сесијата во Херез. Шпанецот го постави најдоброто време како по обичај во утринскиот дел од денот, но поголемиот дел од попладнево го помина во боксот на Ферари, поради повторни проблеми со хидрауликата на неговиот болид. Од Ферари и покрај брзиот круг на Алонсо се уште се фрустрирани поради недостигот на кругови, а и Пат Фрај призна дека болидот не е со перформансите каде што тие би сакале да биде.Жан-Ерик Верн беше на второто место во Торо Росо, тој предводи седум болиди во разлика од само половина секунда. Ред Бул, исто така изгуби драгоцено време утрината поради проблеми со електричната инсталација на RB8, но Себастијан Ветел успеа да заврши 50 круга и го постави третото најбрзо време само 0.009 побавно од Верн, додека Луис Хамилтон беше четврти во MP4-27.
Следната сесија за тестирање на новите болиди ќе биде во Барселона од 21-24 Фебруари 2012.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ 1:18.877 39
2. ЖАН-ЕРИК ВЕРН ТОРО РОСО 1:19.597 + 0.720 80
3. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ 1:19.606 + 0.729 50
4. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН 1:19.640 + 0.763 86
5. РОМАН ГРОЖАН ЛОТУС 1:19.729 + 0.852 95
6. КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР 1:19.834 + 0.957 76
7. НИКО ХУЛКЕНБЕРГ ФОРС ИНДИЈА 1:19.977 + 1.100 90
8. БРУНО СЕНА ВИЛИЈАМС 1:20.132 + 1.255 125
9. ЈАРНО ТРУЛИ КЕТЕРАМ 1:22.198 + 3.321 117