Серџо Перез јунак на денот!!!
Серџо Перез го постави најдоброто време на интересниот претпоследен ден од тестирањето на патеката Каталуња. Неговото најбрзо време беше поставено на меки гуми и краток стинт. Почетокот на денот започна со навалица од новинари фотографи кон гаражата на Ред Бул, кои го покажаа надградениот RB8, а денес зад воланот беше Марк Вебер. Најверојатно најсликан денес беше ревидираниот заден крај(слики на фан страната на Формула 1) на нивниот болид, како и новата позиција на издувниот систем. Од Ред Бул се обидуваа да ги сокријат своите надградби, па механичарите веднаш го покриваа задното крило при секое враќање во боксот. А надградениот RB8 беше изнесен надвор од гаражата од кога комплетно беше составен, а Вебер постави најдобро време од 1:22.662, доволно само за осмата позиција.Џенсон Батон го забележа второто најбрзо време и беше еден од ретките возачи кои не возеа долги стинтови во попладневните часови. Возачот на Мекларен возеше повеќето со средно меките гуми и помало количество на гориво. И од Мекларен најавуваа дека нивниот МП4-27 ќе ги има завршните надградби, сето тоа остана во сенка на проблемите со хидрауликата, па до паузата за ручек Батон комплетираше само 17 круга, и само 44 до крајот на денот.
Фелипе Маса и Ферари имаа продуктивен ден со извозени 122 круга, утринскиот дел од сесијата го поминаа во собирање на податоци,а попладнето имаа симулација на трка. Дури и кога заврна дожд на патеката, Маса не престана да вози, за Ф2012 да биде што е можно поподготвен пред првата трка во Мелбурн. Интересно што Доменикали нареди никој од тимот да не дава изјави за медиумите, со образложение дека сите членови на тимот треба да се фокусираат кон болидот, а не кон медиумите.
По одличните два дена на Лотус кога ги имаа најдобрите времиња, денес Кими Раиконен го имаше најслабото време. Нивниот болид,E20, имаше нов под, нови предно и задно крило, но Раиконен комплетираше само 43 круга поради проблеми со воланот.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР 1:22.094 114
2. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН 1:22.103 + 0.009 44
3. ДАНИЕЛ РИКАРДО ТОРО РОСО 1:22.155 + 0.061 131
4. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ 1:22.413 + 0.319 122
5. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА 1:22.446 + 0.352 108
6. БРУНО СЕНА ВИЛИЈАМС 1:22.480 + 0.386 111
7. ХЕИКИ КОВАЛАИНЕН КАТЕРАМ 1:22.630 + 0.536 64
8. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ 1:22.662 + 0.568 70
9. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП 1:22.932 + 0.838 129
10. КИМИ РАИКОНЕН ЛОТУС 1:25.379 + 3.285 43