2012 МАЛЕЗИЈА ГП: РЕАКЦИИ ПО КВАЛИФИКАЦИИТЕ
3/24/2012 12:45:00 PM
0
Освојувачот на Пол позицијата утрово во Малезија, Луис Хамилтон, верува дека ситуацијата во Малезија ќе биде понеизвесна бидејќи гумите ќе ја играат главната улога:
"Гумите ќе бидат од клучно значење. Во овие услови, никогаш не знаеш што ќе се случи. Гумите за оваа сезона се трошат многу брзо, што ќе направи трката да биде интересна. Патеката беше предизвикувачка, а температурата и влажноста на воздухот се дополнителен проблем. Ќе биде ужасно тешко утре па ние ќе мора да останеме тотално фокусирани "
За Хамилтон ова беше 21-та Пол позиција во неговата кариера.
Џенсон Батон е воодушевен што ќе стартува од првиот ред, но призна дека очекувал пол позиција.
"Мислам дека квалификациите беа прилично добри на првите две трки, па не можам да се жалам премногу. Тоа е добро за нас како тим да се вратиме на прво место. Секогаш е убаво да се слушне како сите членови на тимот се радуваат за 1-2, но очигледно е дека јас сакав да бидам на Пол позицијата, но Луис повторно ме победи."
Добри квалификации имаа Мерцедес АМГ, но така беше и во Австралија, па подоцна во трката имаа проблеми со гумите. Михаел Шумахер денес на одличната трета позиција:
"Сите ние сме малку загрижени за гумите бидејќи прв пат возиме на вакви високи температури. Вчера ги завршивме подесувањата на болидите и мислам дека ја научивме лекцијата во Австралија. Сите во нашата база завршија одлична работа и со нетрпение ја очекувам трката. Болидот е подесен за утрешната трка и се надевам дека утре тоа ќе ни се исплати."
Себастијан Ветел, кој утре ќе стартува од петтата позиција е единствениот возач во Топ 10, што ќе ја започне трката со потврдата варијанта на Пирели гумите. Иако овој потег се гледа како на стратешки план, Себ тоа го негира:
"Не е многу стратегија, да бидам искрен. Помеките гуми не ми одговараа и мислам дека болидот се однесуваше подобро со гумите со потврдата компонента. Ние сме многу побрзи на овие гуми, е сега дали тоа ќе биде предност ... Ние сме единствените со потврди гуми, па се надевам дека тоа ќе биде предност, но ќе видиме. Ние имаме се уште многу работа, ќе работиме напорно за утрешната трка."
Фернандо Алонсо изјави дека тоа бил максимумот на Ферари Ф2012, што е очигледно надвор од темпото на водечките тимови:
"Едноставно, ние не сме конкурентни, имавме тешки квалификации и по еден брз круг во Q3, знаеме дека немаме шанси против тимовите од врвот. Деветтата позиција е во ред и со казната на Кими, трката ќе ја стартуваме од осмата позиција. Тоа е најдобриот можен резултат за нас во овој момент."
Tags
Share to other apps