Фернандо Алонсо и Ферари се Победници на Големата Награда на Малезија, и забележаа поени кои не беа планирани,а таквите се најслатки. Серџо Перез за историско второ место со Заубер, беше побрз од Алонсо, но тремата го направи своето, мала грешка и мораше да се задоволи со 18 поени. Третото место на подиумот остана за Луис Хамилтон со Мекларен.
Ферари на оваа трка имаа нешто што се нарекува совршена стратегија за дожд, потпомогната од среќата со излетувањето на Перез, кој најверојатно ќе стигнеше до својата прва Ф1 победа, загуби 5 секунди и со шест круга до крајот не можеше да го стигне Алонсо. Трката на Луис Хамилтон повторно беше уништена со бавната работа на неговите механичари при третиот пит-стоп. Марк Вебер беше подобро пласираниот болид на Ред Бул, пред одличното 4-то место на Кими Раиконен и импресивниот Бруно Сена.
Денес лош ден за Џенсон Батон, кога по контактот со Картикејан, заврши со скршено предно крило, па мораше во бокс, и падна во задниот дел од поредокот, додека Себастијан Ветел имаше дупната гума по контакт со истиот болид на ХРТ и заврши 11-ти. ХРТ се покажа голем фактор денес на трката.
Дожд почна да паѓа 10 минути пред стартот. Како резултат на тоа сите возачи стартуваа на Медиум гуми , освен болидите на ХРТ. На стартот Хамилтон се одржа пред Батон и Мекларените заминаа безбедно напред. Најинтересен старт имаше Роман Грожан направи добар прогрес, но удри во болидот на Михаел Шумахер и двајцата беа принудени да влезат во боксот. Интензитетот на дождот се зголемуваше, па сите возачи ставија гуми за дожд, а при тој хаос од пит-стопови, Перез успеа да стигне до третото место зад Мекларените. Кога дождот беше неподнослив излезе безбедносното возило и веќе во 9 круг трката беше стопирана.
Трката беше рестартирана зад безбедносното возило и по неколку круга тоа се повлече. Батон замина во боксовите веднаш, но останатите болиди од врвот останаа уште едем круг на патеката. Потоа следуваше Хамилтон кој имаше бавно застанување во преполните боксови, моменто кој го искористија со побрза работа во боксовите, Алонсо кој излезе на водечката позиција зад Перез, додека Батон се удри воКартикејан и мораше повторно да влезе во боксот за ново предно крило, паѓајќи на последното место.
Сите очекуваа Хамилтон да почне да ја намалува разлика со водечките, но се случи спротивното, Алонсо и Перез почнаа да прават безбедна разлика со Мекларенот. Првите две места беа сигурни, а Хамилтон набрзо се најде под притисок на Ветел, но актуелниот шампион сакајќи што побрзо да го мине заостанатиот болид на Картикејан(да повторно ХРТ) ја дупна задната лева гума и со ги заврши надежите за добар пласман. На Хамилтон му олесна, го обезбеди 3-тото место.
Перез брзо ја намалуваше разликата меѓу него и Алонсо, беше побрз, но откако беше предупреден од тимот да не ризикува премногу за да не го загуби второто место, како да го зарекнаа па тој излета надвот од патеката, загуби 5 секунди, што не можеше да се надомести до крајот на трката.
Денес имавме одлична трка, каде брзината не беше важна толку многу колку добрата стратегија на тимот, дождот им ги расипа сметките на многу возачи, и најсреќните остварија добар пласман.
МАЛЕЗИЈА ГП, СЕПАНГ.
56 круга, 310.408км, Време: Дожд.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Фернандо Алонсо Ферари 2ч44:51.812
2. Серџо Перез Заубер + 2.263
3. Луис Хамилтон Мекларен + 14.591
4. Марк Вебер Ред Бул + 17.688
5. Кими Раиконен Лотус + 29.456
6. Бруно Сена Вилијамс + 37.667
7. Пол ди Реста Форс Индија + 44.412
8. Жан-Ерик Верн Торо Росо + 46.985
9. Нико Хулкенберг Форс Индија + 47.892
10. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ + 49.996
11. Себастијан Ветел Ред Бул + 1:15.527
12. Даниел Рикардо Торо Росо + 1:16.800
13. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 1:18.500
14. Џенсон Батон Мекларен + 1:19.700
15. Фелипе Маса Ферари + 1:39.300
16. Виталиј Петров Катерам + 1 круг
17. Тимо Глок Марусија + 1 круг
18. Хеики Ковалаинен Катерам + 1 круг
19. Пастор Малдонадо Вилијамс + 2 круга
20. Чарлс Пик Марусија + 2 круга
21. Нараин Картикејан ХРТ + 2 круга
22. Педро де ла Роса ХРТ + 2 круга
Најбрз Круг: Кими Раиконен - 1:40.722
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ При Круг
К.Кобајаши Заубер 47
Р.Грожан Лотус 4
По поминати 2 Трки:
ВОЗАЧИ: КОНСТРУКТОРИ:
1. Алонсо 35 1. Мекларен 55
2. Хамилтон 30 2. Ред Бул 42
3. Батон 25 3. Ферари 35
4. Вебер 24 4. Заубер 30
5. Перез 22 5. Лотус 16
6. Ветел 18 6. Форс Индија 9
7. Раиконен 16 7. Вилијамс 8
8. Сена 8 8. Торо Росо 6
9. Кобајаши 8 9. Мертцедес АМГ 1
10. ди Реста 7
11. Верн 4
12. Хулкенберг 2
13. Рикардо 2
14. Шумахер 1