Луис го покажа потенцијалот на Мекларен!!!
Луис Хамилтон и Мекларен го диктираа темпото на првиот слободен тренинг во Бахреин. Времето на Британецот беше 0.305с. побрзо од неговиот најблизок конкурент, болидот на Ред Бул со Себастијан Ветел. Сесијата беше прилично рутинска и немаше некои возбудувања.Единствениот тим кој ја разби монотонијата беше Форс Индија, во кој се одлучија да ги користат меките гуми, кои обично се резервирани за вториот тренинг, кон крајот на сесијата и Пол ди Рста го постави третото најбрзо време. Оваа одлука ја донесле бидејќи изјавија дека не планираат да возат на вториот тренинг поради безбедносни причини т.е. сакаат да им обезбедат безбеден превоз на механичарите и другите членови на тимот до хотелот назад пред да се стемни. На трибините имаше само мал број на гледачи, бидејќи како што изјавија неколку новинари имало големи безбедносни проверки додека се стигне до патеката.
Како што се очекуваше, тимовите беа поздравени со температура од 27 степени и беа во пораст, како и предвидливата прашина на асфалтот. Тоа доведе до бавен старт на утрото во Бахреин, и болидите имаа за задача да ја "исчистат" патеката од прашината.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мекларен 1:33.572 11
2. Себастијан Ветел Ред Бул 1:33.877 + 0.305 21
3. Пол ди Реста Форс Индија 1:34.150 + 0.578 26
4. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:34.249 + 0.677 23
5. Џенсон Батон Мекларен 1:34.277 + 0.705 14
6. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:34.344 + 0.772 26
7. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 1:34.483 + 0.911 17
8. Марк Вебер Ред Бул 1:34.552 + 0.980 22
9. Кими Раиконен Лотус 1:34.609 + 1.037 17
10. Роман Грожан Лотус 1:34.847 + 1.275 20
11. Серџо Перез Заубер 1:35.024 + 1.452 22
12. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:35.268 + 1.696 24
13. Фернандо Алонсо Ферари 1:35.436 + 1.864 21
14. Валтери Ботас Вилијамс 1:35.497 + 1.925 24
15. Фелипе Маса Ферари 1:35.719 + 2.147 19
16. Камуи Кобајаши Заубер 1:35.929 + 2.357 24
17. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:36.195 + 2.623 20
18. Хеики Ковалаинен Катерам 1:36.330 + 2.758 11
19. Виталиј Петров Катерам 1:36.484 + 2.912 18
20. Даниел Рикардо Торо Росо 1:36.591 + 3.019 20
21. Чарлс Пик Марусија 1:37.467 + 3.895 17
22. Тимо Глок Марусија 1:38.006 + 4.434 18
23. Педро де ла Роса ХРТ 1:38.877 + 5.305 19
24. Нараин Картикејан ХРТ 1:39.996 + 6.424 23
Нико Розберг повторно извозе неверојатно брз круг !!!
Нико Розберг беше најбрзиот возач на вториот слободен тренинг за Бахреин ГП, победувајќи го дуото на Ред Бул, Марк Вебер пред Себастијан Ветел, за речиси половина секунда. Германецот беше единствениот возач кој направи време под 1минута и 33секунди. Ред Бул изгледаат доста силни досега на оваа патека и сега за сега квалификационото и тркачкото темпо им е доста добро.Мекларен имаа тежок втор тренинг, и двата нивни болиди не беа во можност да му се доближат на најбрзото време, по импресивната утринска сесија. Една од причините е што кога тие беа на патеката температурата значително се намали во споредба со времето кога Розберг беше на патеката. Но, и се доби впечаток дека од Мекларен како да отидоа во погрешен правец во подесувањето на болидот. Слушнавме на радио како Хамилтон побара да се вратат подесувањата од утринската сесија. Батон пак се пожали на недостаток на грип. Очигледно промените што ги направиле не проработеа за нив како што тие посакуваа.
Михаел Шумахер заврши со петото најбрзо време и ги раздели болидите на Мекларен. За време на што се чинеше дека ќе биде брз куг за него, постави најбрз прв сектор на меки гуми, 0.2с. побрзо од Розберг, но во вториот секторот налета на бавен болид, и откако го загуби моментумот, најдоброто од неговите гуми беше загубено. Подоцна имаше интересен и близок дуел со Ветел, но двајцата се излекоа без да се судрат.
Од Ферари предвидуваа тежок викенд за нив и во моментов нема индикации дека погрешиле. Борбата на Ферари за грип продолжува, но сепак Фернандо Алонсо беше во можност да го постави осмото најбрзо време. Но Ферари не е единствениот тим кој се соочува со проблеми со гумите, бидејќи сите тимови кажуваат за високо ниво на деградација на истите. Во трката Ферари би требало да напредува, но квалификациите и за Алонсо и за Маса ќе бидат доста тешки.
Вниманито го привлече и тимот на Форс Индија кои останаа доследни дека нивните два болиди нема да бидат на патеката за вториот тренинг, се со цел безбедно да ја напуштат патеката пред паѓањето на ноќта. Тие се единствениот тим кој како да протестира за ситуацијата во која се одржува овој викенд, но кажаа дека ќе учествуваат на трката во недела.
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:32.816 35
2. Марк Вебер Ред Бул 1:33.262 +0.446 26
3. Себастијан Ветел Ред Бул 1:33.525 +0.709 28
4. Луис Хамилтон Мекларен 1:33.747 +0.931 26
5. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 1:33.862 +1.046 32
6. Џенсон Батон Мекларен 1:34.246 +1.430 28
7. Камуи Кобајаши Заубер 1:34.411 +1.595 34
8. Фернандо Алонсо Ферари 1:34.449 +1.633 31
9. Роман Грожан Лотус 1:34.615 +1.799 32
10. Серџо Перез Заубер 1:34.893 +2.077 34
11. Даниел Рикардо Торо Росо 1:34.895 +2.079 29
12. Фелипе Маса Ферари 1:34.941 +2.125 30
13. Кими Раиконен Лотус 1:35.183 +2.367 33
14. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:35.229 +2.413 26
15. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:35.459 +2.643 38
16. Виталиј Петров Катерам 1:35.913 +3.097 33
17. Хеики Ковалаинен Катерам 1:35.968 +3.152 35
18. Бруно Сена Вилијамс 1:36.169 +3.353 30
19. Тимо Глок Марусија 1:36.587 +3.771 33
20. Чарлс Пик Марусија 1:37.803 +4.987 33
21. Педро де ла Роса ХРТ 1:37.812 +4.996 28
22. Нараин Картикејан ХРТ 1:39.649 +6.833 27
23. Нико Хулкенберг Форс Индија не учествуваше на ст 2
24. Пол ди Реста Форс Индија не учествуваше на ст 2