Себ денес потсети на старите добри времиња !!!
Себастијан Ветел изненадувачки ја обезбеди Пол позицијата за Бахреин ГП, и со прекрасен брз круг му ја украде на Луис Хамилтон, кој мораше да се задоволи со втората стартна позиција. Подиумот го комплетираше Марк Вебер со Ред Бул.Џенсон Батон ќе започне од четвртата позиција откако го прекина својот последен круг, а Нико Розберг не успеа да биде погоре од петтата позиција, и имаше разочарувачка сесија. Мерцедес АМГ на последните тренинзи изгледаше многу брзо,како и на првите две квалификациски сесии, но неколку мали грешки го чинеа многу победникот од минатиот викенд. Неговиот тимски колега, Михаел Шумахер, беше изненадување на денот со тоа што не успеа да ја помине ни Q1 сесијата.
Пријатно изненади, Даниел Рикардо, кој со својот болид на Торо Росо се пласира на 6-тата стартна позиција, најдобрата во својата кариера. По него се пласираа Роман Грожан со Лотус и Серџо Перез со Заубер. Фернандо Алонсо успеа да го внесе својот Ф2012 во првите 10, а потоа одлучи да не забележува време, исто како и Пол ди Реста со Форс Индија. Тие ќе го споделат петиот стартен ред, со Алонсо пет места пред својот тимски колега Фелипе Маса, кој повторно никако да се пласира во Топ 10.
Камуи Кобајаши и Нико Хулкенберг не можеа да одговарат на времињата на нивните тимски колеги и се пласираа на 12-тата и 13-тата позиција. Ова беше тешки квалификации за тимот на Вилијамс, со Бруно Сена само на 15-тата позиција и проблеми со КЕРС-от, дел кој го спречи и Пастор Малдонадо да забележи време во Q2, a тој се соочува и со казна од пет стартни места, поради промена на менувачот.
Во последниот дел од поредокот, Марусија беше речиси три секунди побавна од темпото на Ковалаинен, а Чарлс Пик за прв пат го победи својот тимски колега Тимо Глок, кој пак заврши и зад Педро де ла Роса со ХРТ. Убедливо најбавен од сите повторно беше Нараин Картикејан.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Себастијан Ветел Ред Бул 1:32.422
2. Луис Хамилтон Мекларен 1:32.520 + 0.098
3. Марк Вебер Ред Бул 1:32.637 + 0.215
4. Џенсон Батон Мекларен 1:32.711 + 0.289
5. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:32.821 + 0.399
6. Даниел Рикардо Торо Росо 1:32.912 + 0.490
7. Роман Грожан Лотус 1:33.008 + 0.586
8. Серџо Перез Заубер 1:33.394 + 0.972
9. Фернандо Алонсо Ферари без поставено време
10. Пол ди Реста Форс Индија без поставено време
Q2 Најбрзо Време: Л.Хамилтон 1:33.209 Разлика
11. Кими Раиконен Лотус 1:33.789 + 0.580
12. Камуи Кобајаши Заубер 1:33.806 + 0.597
13. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:33.807 + 0.598
14. Фелипе Маса Ферари 1:33.912 + 0.703
15. Бруно Сена Вилијамс 1:34.017 + 0.808
16. Хеики Ковалаинен Катерам 1:36.132 + 2.923
17. Пастор Малдонадо Вилијамс без поставено време
Q1 Најбрзо Време: М.Вебер 1:34.015 Разлика
18. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 1:34.865 + 1.051
19. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:35.014 + 1.200
20. Виталиј Петров Катерам 1:35.823 + 2.009
21. Чарлс Пик Марусија 1:37.683 + 3.869
22. Педро де ла Роса ХРТ 1:37.883 + 4.069
23. Тимо Глок Марусија 1:37.905 + 4.091
24. Нараин Картикејан ХРТ 1:38.314 + 4.500
107% време: 1:39.931