ФИА ja потврди единечната ДРС зона за Кинеското Гран При на патеката Шангај. Како и во претходните трката во Малезија, ќе има само еден ДРС зона овој викенд. Местата на детекција и активирање може да ги видите на сликата.
Себастијан Ветел на својот болид ќе се врати на стара спецификација на распоред на ауспусите за првиот тренинг на Кинеското Гран При. Ред Бул е во потрага за подобрување на нивните перформанси.
Неговиот тимски колега Марк Вебер ќе има пак ажурирана верзија на концептот кој го користеа на предходните трки.
Кристијан Хорнер рече дека без тест сесии, единствената шанса да се испробаат двата концепта е на тренинзите за Кинеското ГП. Кој ќе се покаже подобар ќе се користи во Квалификациите и Трката.
Марк Вебер смета дека возачи на Формула 1 немаат друг избор освен да и веруваат на ФИА да донесе правилна одлука за тоа дали Бахреин ГП ќе биде безбедно. Австралиецот го опиша како "губење на време" за возачите да разговараат за ова прашање, бидејќи ФИА е во позиција да ја донесе вистинската одлука за тоа дали трката треба да се одржи.
Петокот ќе биде резервиран за резервните возачи на тимовите, Катерам ќе му даде шанса на ван дер Гард во текот на првиот тренинг, но се уште не е познато кој ќе биде заменет. Во Вилијамс како што беше претходно најавено, Валтери Ботас ќе го замени Бруно Сена. Жил Бјанки ќе го замени Пол ди Реста во болидот на Форс Индија за време на првиот тренинг.
Шансите на Луис Хамилтон за победа на Кинеското Гран При се намалени со казната која тој ќе ја добие поради промена на менувачот. Самиот Хамилтон денес потврди дека ќе треба да се смени менувачот на неговиот болид, што значи тој ќе добие казна од пет стартни места наназад.
Според него добро е што проблемот со менувачот бил откриен навреме, отколку да се расипел за време на трката.Но Британецот се уште не се откажува од Победа затоа што планира трката да ја стартува не повисоко од 6-тата позиција. Инсистира дека ќе биде задоволен со финиш на подиумот, тој не се откажава и од Победа.
Тимот Лотус поднесе приговор против задното крило на Мерцедес АМГ, за што депонира 2000 евра. Како што се очекуваше приговорот е одбиен од страна на ФИА, а од овој тим избрале да не се жалат против оваа одлука дека системот на Мерцедес АМГ е легален.
Фернандо Алонсо изјави дека очекува тежок викенд во Кина и покрај тоа што победи на последната трка во Малезија. Возачот на Ферари ја искористи предноста на променливите услови во Сепанг за да ја забележи својата прва победа во сезоната, е се наоѓа на врвот во 2012 Шампионатот. Алонсо, сепак јасно стави до знаење дека Ферари се уште е далеку од најдобрите тимови и да не се очекува премногу од нив на трката овој викенд.
Себастијан Ветел смета дека тие мора да ги откријат проблемите со балансот на болидот кои ги имаа во текот на првите две трки од сезоната за да се открие вистинскиот потенцијал на болидот. Ветел признава дека не се чуствува удобно со балансот на RB8, но не може да укаже на било која специфична област на болидот која треба да се подобри. Тој нема никакво сомневање дека RB8 е болид кој може да победува, но не е сигурен колку долго ќе потрае да го најде вистинскиот баланс. Тимот има одредено насока во која болидот треба да се развива и откако тие ќе го разберат целосно болидот, ќе се вратат во победничката форма.
Нико Розберг рече дека неговиот тим, Мерцедес АМГ, сеуште го нема целосно разбрано однесувањето на Пирели гумите. Овој тим покажува одлично темпо во квалификациите, но потоа се бори со деградација на гумите во трката, каде што нивното темпо значително се намалува.
2012 КИНА ГП: СИТЕ ПОВАЖНИ ВЕСТИ ОД ЧЕТВРТОК НА ЕДНО МЕСТО !!!
4/12/2012 07:49:00 PM
0
Tags
Share to other apps