Системот на Мерцедес АМГ започнува на задното крило, а завршува тука некаде !!!
Tимот на Лотус, поднесе приговор против задното крило на Мерцедес АМГ на стартот на Кинескиот Гран При викенд.
Иако ФИА досега два пати ги отфрла приговорите на оваа тема, некои тимови никако не може да се помират дека тој систем е легален. Ако дава толку брзина што не го направат и самите, или пак навистина се тврдењата дека иако изгледа толку едноставно, не е баш лесно да се копира. Лотус одлучиле официјално да протестираат пред трката Шангај, поради прекршување на членот 3.15 од техничките прописи."Со исклучок на деловите потребни за прилагодување опишани во член 3.18, било кој систем од болидот, уред или постапката која користи движење на возачот како средство за менување на аеродинамичките карактеристики на болидот е забрането"
(Оргинално на англиски)
"With the exception of the parts necessary for the adjustment described in Article 3.18, any car system, device or procedure which uses driver movement as a means of altering the aerodynamic characteristics of the car is prohibited"
Средба со претставниците на Лотус и Мерцедес АМГ ќе се одржи во попладневните часови во Кина, а од Лотус веќе поднеле 2.000 евра депозит за приговорот.
UPDATE:
Како што се очекуваше приговорот на Лотус против законитоста на задното крило на Мерцедес АМГ е одбиен од страна на ФИА. Залудно потрошени 2000 евра...