ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мекларен 1:37.106 7
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:38.116 + 1.010 14
3. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 1:38.316 + 1.210 14
4. Серџо Перез Заубер 1:38.584 + 1.478 13
5. Камуи Кобајаши Заубер 1:38.911 + 1.805 12
6. Марк Вебер Ред Бул 1:38.977 + 1.871 15
7. Себастијан Ветел Ред Бул 1:39.198 + 2.092 12
8. Џенсон Батон Мекларен 1:39.199 + 2.093 6
9. Даниел Рикардо Торо Росо 1:39.748 + 2.642 16
10. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:39.768 + 2.662 14
11. Фернандо Алонсо Ферари 1:40.056 + 2.950 14
12. Фелипе Маса Ферари 1:40.153 + 3.047 14
13. Валтери Ботас Вилијамс 1:40.298 + 3.192 8
14. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:40.328 + 3.222 13
15. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:40.540 + 3.434 12
16. Хеики Ковалаинен Катерам 1:41.071 + 3.965 14
17. Роман Грожан Лотус 1:41.204 + 4.098 14
18. Тимо Глок Марусија 1:42.330 + 5.224 14
19. Гидо ван дер Гард Катерам 1:42.521 + 5.415 11
20. Жил Бјанки Форс Индија 1:44.118 + 7.012 8
21. Педро де ла Роса ХРТ 1:44.227 + 7.121 10
22. Чарлс Пик Марусија 1:44.500 + 7.394 15
23. Нараин Картикејан ХРТ 1:47.204 +10.098 12
24. Кими Раиконен Лотус 1:50.465 +13.359 11
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 1:35.973 32
2. Луис Хамилтон Мекларен 1:36.145 + 0.172 29
3. Себастијан Ветел Ред Бул 1:36.160 + 0.187 26
4. Марк Вебер Ред Бул 1:36.433 + 0.460 23
5. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:36.617 + 0.644 30
6. Џенсон Батон Мекларен 1:36.711 + 0.738 27
7. Камуи Кобајаши Заубер 1:36.956 + 0.983 28
8. Пол ди Реста Форс Индија 1:36.966 + 0.993 30
9. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:37.191 + 1.218 30
10. Фернандо Алонсо Ферари 1:37.316 + 1.343 32
11. Серџо Перез Заубер 1:37.417 + 1.444 22
12. Даниел Рикардо Торо Росо 1:37.616 + 1.643 33
13. Кими Раиконен Лотус 1:37.836 + 1.863 30
14. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:37.930 + 1.957 31
15. Роман Грожан Лотус 1:37.972 + 1.999 25
16. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:38.176 + 2.203 34
17. Фелипе Маса Ферари 1:38.293 + 2.320 30
18. Бруно Сена Вилијамс 1:38.783 + 2.810 37
19. Хеики Ковалаинен Катерам 1:38.990 + 3.017 36
20. Виталиј Петров Катерам 1:39.346 + 3.373 19
21. Тимо Глок Марусија 1:39.651 + 3.678 15
22. Педро де ла Роса ХРТ 1:40.343 + 4.370 24
23. Чарлс Пик Марусија 1:40.753 + 4.780 30
24. Нараин Картикејан ХРТ 1:41.125 + 5.162 26
ДА ЗАПОЧНЕМЕ СО ВЕСТА НА ДЕНОТ, БАХРЕИН ГП ЌЕ СЕ ОДРЖИ СЛЕДНИОТ ВИКЕНД
По неколку недели на неизвесност околу судбината на Бахреин ГП, ФИА даде зелено светло за одржување на оваа трка. Во соопштението се вели дека во последниве недели, не се случило ништо загрижувачко околку безбедносната состојба во Бахреин.
Од ФИА исто така, додаваат дека немало барање од страна на тимовите и Еклстоун дека трката треба да се одложи или откаже.
ВО МЕРЦЕДЕС АМГ СЕ КОНЦЕНТРИРААТ НА ТЕМПОТО ЗА ТРКА
Иако денес беа најбрзи во Мерцедес АМГ признаваат дека имаат проблеми со загревањето на гумите на работна температура. Рос Браун изјави: "Како што можевте да видите Михаел е во многу добра форма. Ние направивме многу кругови со полн резервоар, бидејќи тука бевме послаби во минатите трки. Нашиот проблем е што ние не ги одржуваме гумите на вистинската температура. Самите гуми се многу чувствителни, па така за да се извлече максимумот од нив, тие треба да бидат загреани во одреден опсег. Ние треба да најдеме соодветен начин рамномерно да го дистрибуираме оптоварувањето на гумите. Болидот сега е многу подобар отколку во минатите трки, и се надевам дека ќе бидеме во можност да освоиме многу поени." Луис е спремен за добра трка и борба за Победа
Возачот на Мекларен доби казна од пет стартни места поназад, но не се откажува од Победата: "Ми се допаѓаат вакви предизвици и ми се допаѓа да се обидам да направам нешто невозможно за да стигнам до Победата на трката. Добивањето на многу места на стартот, отсекогаш е еден од клучевите за успешна трка, но и многу нестрпливо ги очекувам квалификациите. Видовме на последната трка дека Победник беше Фернандо Алонсо стартувајќи од пониска стартна позиција, па ние сме позитивни по тоа прашање."
Ферари вели новите делови се чекор напред, ама ние не го гледаме.
"Донесовме нови делови во Кина за да ги подобриме нашите перформанси во споредба со предходните две трки. Првата проценка по тренинзите е добра, но вечерва ние ќе работиме на подлабока анализа. Од друга страна ние не можеме да го сокриеме фактот дека оваа патека помалку ни одговара, отколку таа во Малезија. Ако бидеме реални, јас не очекувам ништо големо за време и на овој викендот. Квалификациите би требало да ги завршиме помеѓу 7-та и 12-та позиција, како и во Сепанг. Ние мора да се подобриме во неколку области, а најмногу во областа на аердинамиката", изјави Пет Фрај, техничкиот директор на Ферари.