По 111 трки Нико Розберг со својата прва Пол Позиција!!!
Нико Розберг извозе перфектен квалификациски круг за освојување на својата Прва Пол позиција за Кинеското Гран При, а по подолго време и за Мерцедес АМГ. Луис Хамилтон беше втор најбрз со над половина секунда заостанок зад најбрзото време, но поради казната од пет места поназад, утре на стартот од првиот ред ќе стартуваат двата болиди на Мерцедес АМГ, бидејќи Михаел Шумахер го имаше третото најбрзо време.Додека еден Германец ја прославуваше Првата Пол позиција, друг имаше катастрофален резултат, актуелниот Светски Шампион, Себастијан Ветел само со 11-тата стартна позиција за Ред Бул, а вчера велеше дека се чуствува подобро во својот болид. Но сето ова се надеваме ќе допринесе за добра трка утре.
Од вториот ред ќе стартуваат Камуи Кобајаши со Заубер, уште една пријатно изненадување, а до него ќе се нареди Кими Раиконен со Лотус. Заубер се дефинираат како најпријатното изненадување барем во почетокот на оваа сезона. Дури 5-та стартна позиција за Џенсон Батон, а веднаш зад него и Марк Вебер со денес подобриот болид на Ред Бул. Мора да напоменеме дека температурата на патеката паѓаше за време на третата сесија и најдобрите времиња беа забележани на почетокот и тоа можеби донекаде ги спречи овие двајца возачи да направат подобро време, бидејќи имаа само едно излегување на патеката.
Следуваат Серџо Перез со Заубер и Фернандо Алонсо со Ферари, старите познаници од Малезија кои сега повторно еден зад друг, но по обратен редослед. Најдобрите 10 ги заокружи вториот Лотус на Роман Грожан. Фелипе Маса беше поблиску до темпо на Алонсо, но ќе стартува само како 12-ти.
Во втората половина на стартната листа имаме тимски поредок. Двата Вилијамси пред двата болиди на Форс Индија, потоа следуваат болидите на Торо Росо. Како и обично како најслаби се пласираа Катерам, кој ги предводи тимовите на Марусија и ХРТ, но сите беа многу безбедни во 107-те проценти.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:35.121
2. Луис Хамилтон Мекларен 1:35.626 + 0.505
3. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 1:35.691 + 0.570
4. Камуи Кобајаши Заубер 1:35.784 + 0.663
5. Кими Раиконен Лотус 1:35.898 + 0.777
6. Џенсон Батон Мекларен 1:36.191 + 1.070
7. Марк Вебер Ред Бул 1:36.290 + 1.169
8. Серџо Перез Заубер 1:36.524 + 1.403
9. Фернандо Алонсо Ферари 1:36.622 + 1.501
10. Роман Грожан Лотус без поставено време
Q2 Најбрзо Време: М.Вебер 1:35.700 Разлика
11. Себастијан Ветел Ред Бул 1:36.031 + 0.331
12. Фелипе Маса Ферари 1:36.255 + 0.555
13. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:36.283 + 0.583
14. Бруно Сена Вилијамс 1:36.289 + 0.589
15. Пол ди Реста Форс Индија 1:36.317 + 0.617
16. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:36.745 + 1.045
17. Даниел Рикардо Торо Росо 1:36.956 + 1.256
Q1 Најбрзо Време: С.Перез 1:36.198 Разлика
18. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:37.714 + 1.516
19. Хеики Ковалаинен Катерам 1:38.463 + 2.265
20. Виталиј Петров Катерам 1:38.677 + 2.479
21. Тимо Глок Марусија 1:39.282 + 3.084
22. Чарлс Пик Марусија 1:39.717 + 3.519
23. Педро де ла Роса ХРТ 1:40.411 + 4.213
24. Нараин Картикејан ХРТ 1:41.000 + 4.802
107% време: 1:42.931