Во тимот на Ферари не смислија ништо ново и за оваа трка !!!
Пет Фрај одлично си го познава својот тим па неговите прогнози за пласман од 7-та до 12-тата позиција се остварија на денешните квалификации, само што за малку ја промаши првата маргина бидејќи Алонсо беше на 9-тата позиција, а 12-тата беше за Маса. Тој изјави дека во недела тие ќе дадат се од себе за да
соберат што е можно поголем број на поени, нешто слично што го видовме
на претходните две трки односно тактика која се покажа успешна.Фернандо Алонсо: "Знаевме дека ова ќе бидат тешки квалификации, и тоа и се случи. Болидот каков што е и со надградбите кои ги донесовме тука, не беше доволно брз за нешто поголем скок во перформансите, па позицијата што ја освоивме кореспондира со потенцијалот на болидот. Секако дека не сме среќни што заостануваме повеќе од секунда зад водечките, но даваме се од себе за да ја намалиме разликата. Ако завршиме добра работа со болидот, тогаш можеме да мислиме и на победување, во спротивно не. Ќе бидам оптимист, бидејќи во 2010-та бевме во иста ваква позиција, па во последната трка влеговме како први во шампионатот. Не можеме да си дозволиме да правиме повеќе грешки, бидејќи го немаме најдобриот болид. Но ако со него раководиме перфектно, како што тоа го направивме во Австралија и Малезија, тогаш може да размислуваме за поени од оваа трка. Поредокот во квалификациите е многу добар, но и чуден. Два Мерцедеса, Заубер, Лотус пред сите останатите."
Кратко мислење за утрешната трката даде и неговиот тимски колега, Фелипе Маса, кој изјави дека е решен да ја тргне нулата од своето бодовно салдо во шампионатот.