Finger boy did it again !!!
Себастијан Ветел со импресивно возење стигна до својата Прва Победа во оваа сезона на Бахреин ГП-то, и при тоа го превзеде водството во генералниот пласман на возачи. Мора да се признае дека имаше достоен предизвикувач од страна на Лотусот на Кими Раиконен.Денес тимот на Лотус го покажа целиот свој потенцијал, Раиконен и неговиот тимски колега Роман Грожан беа брзи уште од стартот, летаа по патеката и се пробиваа се погоре и погоре, им остана уште Ветел за кој немаа доволно сили, за да на крај завршат на подиумот зад победничкиот Ред Бул.
Марк Вебер го освои четвртото место во вториот Ред Бул, додека Нико Розберг заврши на петтото место, по разочарувачката трка за Мерцедес АМГ. Пол ди Реста со употребата на невозможната стратегија од два пит стопа стигна до добро заслуженото шесто место, неколку стотинки пред Фернандо Алонсо но седмото место. Шпанецот имаше добар старт, се искачи до петтото место, но немаше темпо да остане таму.
Проблемите со пит-стоповите му ја загорчија трката на Луис Хамилтон па остана на оваа трка само со осмото место. Ова беше многу слаба трка за Мекларен во целина. Џенсон Батон цело попладне мака мачеше со балансот на својот болид, беше во освојувачите на бодови, но шест круга пред крајот му се дупна предната десна гума, а потоа по излезот од боксот се појави и механички проблем на неговиот болид, па тој се паркира во својата гаража во претпоследниот круг.
Фелипе Маса, денес, беше многу поблиску до темпото на неговиот тимски колега за на крај завши на деветтото место и ги освои своите први поени оваа сезона. Уште една проблематична трка за Михаел Шумахер, успеа да дојде до 10-тото место, со старт од 22-та позиција.
Двете ѕвезди на вчерашните квалификации не поминаат славно во трката, Даниел Рикардо имаше импресивно лош старт,а заработи и оштетено предно крило,па едвај ја заврши трката на 15-то место. Хеики Ковалаинен имаше дупната гума веќе во првиот круг.
БАХРЕИН ГП, Бахреин.
57 круга, 308.405км, Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Себастијан Ветел Ред Бул 1ч35:10.990
2. Кими Раиконен Лотус + 3.300
3. Роман Грожан Лотус + 10.100
4. Марк Вебер Ред Бул + 38.700
5. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 55.400
6. Пол Ди Реста Форс Индија + 57.500
7. Фернандо Алонсо Ферари + 57.800
8. Луис Хамилтон Мекларен + 58.900
9. Фелипе Маса Ферари + 1:04.900
10. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ + 1:11.400
11. Серџо Перез Заубер + 1:12.700
12. Нико Хулкенберг Форс Индија + 1:16.500
13. Жан-Ерик Верн Торо Росо + 1:30.300
14. Камуи Кобајаши Заубер + 1:33.700
15. Даниел Рикардо Торо Росо + 1 круг
16. Виталиј Петров Катерам + 1 круг
17. Хеики Ковалаинен Катерам + 1 круг
18. Џенсон Батон Мекларен + 1 круг
19. Тимо Глок Марусија + 2 круга
20. Педро Де Ла Роса ХРТ + 2 круга
21. Нараин Картикијан ХРТ + 2 круга
22. Бруно Сена Вилијамс + 3 круга
Најбрз круг: Себастијан Ветел, 1:36.379
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ ПРИ КРУГ
П.Малдонадо Вилијамс 26
Ч.Пик Марусија 25
ПО ПОМИНАТИ 4 ТРКИ:
Возачи: Конструктори:
1. С.Ветел 53 1. Ред Бул 101
2. Л.Хамилтон 49 2. Мекларен 92
3. М.Вебер 48 3. Лотус 57
4. Џ.Батон 43 4. Ферари 45
5. Ф.Алонсо 43 5. Мерцедес 37
6. Н.Розберг 35 6. Заубер 31
7. К.Раиконен 34 7. Вилијамс 18
8. П.Грожан 23 8. Форс Индија 17
9. С.Перез 22 9. Торо Росо 6
10. П.Ди Реста 15
11. Б.Сена 14
12. К.Кобајаши 9
13. Ж.Верн 4
14. П.Малдонадо 4
15. Н.Хулкенберг 2
16. М.Шумахер 2
17. Ф.Маса 2
18. Д.Рикардо 2