Последната трка се одржа во 2010 година
Кога веќе и Берни Еклстоун изјави загриженост поради континуираните немири во оваа проблематична заливска држава, станува сериозна можноста за одлагање/откажување на оваа трка која треба да следува наредниот викенд по трката во Кина. Тој изјави дека не може да ги присили Ф1 тимовите за трката во Бахреин, ако тие не сакаат да одат во нестабилни услови.Тимовите досега ги поддржуваа ФИА и шефовите на оваа патека дека ќе донесат правилна одлука за тоа дали трката треба да се одржи на 22 април, и да се осигури безбедноста на присутниот персонал. Сепак повеќето тимови се загрижени за одржување на трката на овој датум. Според Gazzetta dello Sport, 10 од 12 тимски шефови се изјасниле за откажување на трката.
Говорејќи во дискусијата на BBC Radio, еден од водачите на бунтовниците вчера предвиде "насилство" на улиците на земјата ако се одржи трката следната недела. "Некои луѓе велат да не се мешаат политиката и спортот, да тоа можете да го направите во Велика Британија, но не и во репресивен режим каде што сè е во рацете на владетелите."
Според Еклстоун, одлуката да се откаже или одложи трката мора да дојде од ФИА, организаторите на настанот или од Крунисаниот Принц на Кралството. ФИА изјави дека внимателно ја следат ситуацијата и сите опции се во игра.