Викендов следува Кинеското ГП
За време на Велигденскиот викенд не очекува нова трка, а тоа е Кинеското Гран При во Шангај, градот кој никогаш не спие. Стратегија на тимовите за оваа трка веќе делумно е припремена, а тие одлуки ќе имаат големо влијание за да се биде Победник, исто како и на претодните две трки од сезоната. Стратегијата е особено важна сега кога болидите се блиску еден до друг, како и двете гуми на Пирели со смеси кои исто така се поблиски со перформансите.После она што се случи во Малезија, тимовите ќе работат напорно на петочните тренинзи да разберат како ќе се однесуваат гумите на Пирели во Квалификациите и Трката. Оваа година правилното подесување на болидот се покажа како тешка задача за многу тимови, пред се благодарение на забраната на мапирањето на моторите. Последица на тоа е помалку downforce и нестабилен заден крај на болидот.
Во споредба со првите две трки од сезоната, Кине ќе има пониски температури, кои ќе бидат слични на оние во Мелбурн, додека патеката е меѓу Мелбурн и Сепанг во однос на деградација и трошењето на гумите. Мекларен доминираше во Австралија, а во Малезија беше тешко да се извлечат многу заклучоци поради променливите временски услови.
По се изгледа дека Мекларен продолжува да биде најбрзиот болид, со Ред Бул побрз во трката отколку во квалификациите, а Мерцедес АМГ спротивно на нив. Новиот систем на Мерцедес АМГ би требало да работи во полн сјај на долгите правци во Шангај и можеби Мерцедес АМГ би требало да го сметаме за фаворит за Пол позицијата. Но нивниот проблем со гумите ќе ги спречи во добар резултат во трката.
Видовме дека и временската прогноза е доста важна во донесување на вистинската стратегија, а дождот е доста честа појава и во Кина. Тоа ќе биде шансата на Ферари за нов супер резултат за нив. Температурата се предвидува да биде околу 18 степени, доста ниско ниво за Формула 1 спортот. Минатата година трката во Кина беше една од највозбудливите од стратегиска гледна точка и сите показатели се дека и оваа година ќе биде слично. Разликата во перформансите помеѓу меките и медиум гумите треба да биде само 0.3с. по круг, многу помалку од минатата година. Минатата година во Кина, Луис Хамилтон победи на трката со три запирања во боксот, а Себ ја плати цената поради само двата пит-стопа. Па би требало и оваа година победничката стратегија да биде со 3 застанувања во боксовите, но треба да се открие мистеријата на Пирели гумите, област каде сега за сега помалите тимови како Заубер и Вилијамс се чини дека се подобри од големите тимови. Ова ќе се смени како што сезоната ќе одминува.
Секако ние фановите се надеваме на уште една многу интересна и спектакуларна трка со неизвесен Победник се до последниот круг.