Победничкиот тим на 2012 Бахреин ГП!!!
Себастијан Ветел, среќен со постигнатат Победа, призна дека тој очекувал поголем притисок од страна на Кими Раиконен во последните кругови од трката, и дека не бил сигурен дека може да се одбрани.Кими Раиконен изјави дека е разочаран што не победил на Бахреин ГП-то, но е убеден дека Лотус е способен за да претендира за победи во останатите трки од оваа сезона.
Роман Грожан го забележа својот Прв пласман на подиумот, но тука не запираат неговите желби, и тој вели дека следен чекор е Победа на следните трки.
Фернандо Алонсо изјави дека Ферари е во "позитивна" позиција во шампионатот по првите четири трки од сезоната и покрај тоа што имаа неконкурентен болид. По четири трки, со 100 поени во игра, да се биде 8-ми или 10 поени зад лидерот е целосно незамисливо, изјави Шпанецот.
Стјуардите на трката изјавија дека Нико Розберг нема да биде казнет за двата инциденти кои беа на разгледување кај нив, т.е. дуелите со Луис Хамилтон и Фернандо Алонсо, бидејќи Германецот се поместувал кон десно за да ја брани својата позиција во "постојана и континуирана линија" и бидејќи болидите на противниците не биле на исто ниво со неговиот болид. По оваа одлука Алонсо напиша на Твитер: "Мислам дека ќе имате одлична забава во следните трки! Ќе може да се брани позицијата како што сакате и можете да престигнувате и надвор од патеката! Уживајте!"
Пол ди Реста ја пофали стратегијата (две застанувања во боксот) на својот тим, Форс Индија, која е најзаслужна за неговото шесто место на Бахреин ГП-то.
Михаел Шумахер изјави дека имало позитивни работи да се извлечат од неговото 10-то место на Бахреин ГП, откако тој започна од 22-та стартна позиција. Тој изјави и дека сегашната генерација на гуми не им дозволува на возачите да ги форсираат своите болиди до границите на нивните можности. На оваа констатација на Седумкратниот Шампион веднаш со реакција се јавија од Пирели. Пол Хембри изјави: "Јас сум разочаран што ги слушнав овие коментари од возач со толку многу искуство како Михаел. Другите можат да ја завршат својата домашна работа и да успеат со нивните гуми да проработат како треба. Неговите коментари за време на зимските тестирања беа дека тој е многу среќен со гумите, а сега се чини дека тој го променува своето мислење."
Марк Вебер е задоволен со "добриот почеток на Шампионатот" по освоеното четвртото место на Бахреин ГП-то.
Џенсон Батон изјави дека е збунет и не може да објасни зошто Мекларен ја немаше брзината во текот на Бахреин ГП-то, но почувствувал дека би можел да има силен финиш на трката, ако не се дупнела неговата гума и не се откажел од трката.
Луис Хамилтон нервозен, но неверојатно смирен, изјави дека сака Мекларен целосно да ги испита проблемите при неговите застанувања во боксот во текот на Бахреин ГП, по кој го загуби врвот на Шампионатот за возачи.