FIA секогаш е строга во своите одлуки!!
Чарли Вајтинг, одговорниот човек за почитување на ФИА Ф1 правилата и прописи, ја бранеше одлуката со која Луис Хамилтон беше казнет да стартува од последната позиција. "Немавме простор за маневaр. Доколку има прекршување на правилата, тогаш тоа влијае на целата сесија, а не само на дел од неа. Квалификациите започнуваат со Q1 сесијата. Доколку Хамилтон го загубеше само своето време од Q3 сесијата, тогаш ова решение ќе ги доведеше во искушение останатите тимови да не го почитуваат правилото за минимум 1 литар гориво по завршувањето на трката."
Деновиве, повторно се спомeнува идејата на Макс Мозли за ограничување на буџетот на тимовите во Формула 1. Германскиот весник "Auto Motor und Sport", наведува дека оваа идеја може да биде воведена во пракса веќе од следната сезона. Понатаму се вели дека девет од десетте тимови кои што се за намалување на трошоците го прифатиле стариот план, со кој што буџетот на еден тим се ограничува на 170 милиони евра годишно, а за неколку години треба да се намали до 100 милиони.
"Десет од дванаесетте тимови во Формула 1 се за спроведување на овој договор. Засега само два тима, Ред Бул и Торо Росо се немаат изјаснето по ова прашање."
"Трошоците со кои што можете да бидете конкурентни во Формула 1 се навистина превисоки. Мислам дека сите ќе се сложат со овој факт. Работата е во тоа како да се постигне нов договор.” – изјави Кристијан Хорнер.
Возачот на Ферари, Фернандо Алонсо, е "збунет" како и сите останати инволвирани во Ф1 и не знае што да очекува на следната трка во Монако.
"Следната среда ќе пристигнеме во Монако без јасна слика дали ќе победиме на трката или воопшто нема да освоиме поени. Тоа е генералното чувство од досегашниот расплет на работите и не е само кај нас туку и кај сите останати тимови. Навистина е чудно, во Бахреин бевме 57 секунди зад Себ, додека во Шпанија успеав за еден круг да го поминам Марк Вебер. Никој не го разбира тоа, па и ние не го разбираме. Главната причина за ваквата ситуација се гумите на Пирели, кои што по завршувањето на трката во Шпанија беа критикувани од поголемиот дел возачи. Ние имавме болид кој што воопшто не беше конкурентен, а сега ја завршуваме првата четвртина од шампионатот и се наоѓаме на лидерската позиција."
Себастијан Ветел застана во одбрана на неговиот сонародник Михаел Шумахер по критиките упатени кон седумкратниот светски шампион за инцидентот со Бруно Сена.
"Во такви ситуации немаме доволно време за да реагираме. На правците може да се постигне голема разлика во максималната брзина. Мислам дека овој судир требаше да биде оквалификуван како обичен тркачки инцидент. Се разбира дека секогаш може да се каже што и како било по завршувањето на инцидентот, исто како што може да се каже дека за танго секогаш се потребни двајца."
Кими Раиконен изјави дека гумите на Пирели имаат влијание во тркањето, но тој мисли дека забраната за долевање на гориво има поголемо.
"Не мислам дека природата на тркањето во Ф1 е поразлична поради гумите. Тоа е поради големото количество на гориво во болидите. Не мислам дека ќе имаме голем проблем со гумите доколку трката ја започнуваме со 50-60 литри гориво. Предходно пит-стоповите вообичаено се правеа по 20-тина кругови од почетокот на трката, кога ќе го потрошевме горивото. Мислам дека ќе бевме во иста ситуација со гумите на Мишелин или Бриџстоун, доколку имавме толкава количина на гориво во болидите. Гумите на Пирели се добри во квалификациите, имаат добар грип со патеката и се на се, тоа се многу добри гуми."