Маса знае дека мора да освојува повеќе поени |
"Нас апсолутно ни требаат неговите поени за да се бориме за Титулата за конструктори"
Според постојните шпекулации Адриан Сутил, поранешниот возач на Форс Индија, или би го заменил Маса директно, или би го заменил возачот кој треба да го земе местото на Бразилецот во Ферари. Најверојатно во прашање е второто сценарио.
Сутил, обидувајќи се да ја воскресне својата кариера можеше да се забележи во текот на викендот во Барселона, во придружба на неговиот менаџер Манфред Цимерман. Тие најмногу време поминаа во просториите на Сахара Форс Индија, неговиот стар тим.
Најголемата шпекулација е дека Ентони Хамилтон успеал да издејствува Пол ди Реста да може да се пресели во Ферари, а Сутил да го потполни неговото место во Форс Индија. Но, постои и шпекулација дека Тимо Ганс, менаџерот на Нико Хулкенберг е забележан во просториите на Ферари.
Запрашан зошто е во Барселона, Сутил за германската телевизија РТЛ изјави:
"Важно е да се биде тука. Се надевам дека нешто ќе произлезе од мојот престој тука. Сезоната е во нејзините почетни фази, па морам да почекам малку, но од друга страна можеби би можел да се вратам назад во кокпитот доста брзо."