ФИА треба да пресече до трката во Канада !!!
Формула 1 во неделата избегна нови контроверзии кога се закануваше официјален приговор против новиот под на болидот на Ред Бул, т.е. победникот на трката Марк Вебер и Себастијан Ветел на четвртото место. Официјалниот приговор беше најавуван од шефовите на Мекларен и Ферари во неколку наврати, а Мартин Витмарш имаше состанок со Стефано Доменикали во просториите на Ферари.Поминале многу време во разговор, но на крајот било договорено да не се оптоварува викендот во Монако со контроверзии и ова прашање со помош на ФИА да се реши зад затворени врати пред следната трка во Канада.
Официјалната потврда за такво нешто стигна од портпаролот на ФИА:
" На Ред Бул сеуште не им е речено да направат промени на својот болид. Сепак, постои разлика во мислења околу толкувањето на прописите, која ние имаме намера да ја разјасниме во текот на наредниве неколку дена."
Повеќе угледни и високи членови на ФИА и Формула 1 менаџментот останаа во Монако уште два дена каде дискутираат за правилата и буџетите за 2013 година. Поголемиот дел од тимовите се за намалување на трошоците за следната сезона, бидејќи многу од нив се соочуваат со сериозни тешкотии во своето финансирање.
Целта е да се добие мнозинство од осум гласови пред крајниот рок 30 јуни, со цел намалување на трошоците да важи од следната година. Ова значи дека за овој предлог треба да гласаат тимовите на Мерцедес АМГ, Мекларен, ако Ред Бул и Ферари заедно со нивните сестрински тимови Торо Росо и Заубер решат да го бојкотираат овој предлог.
Ред Бул е тимот што најмногу се противи на заложбите за контрола на трошоците, став кој доведе до нивно напуштање на ФОТА, заедно со три други тимови, вклучувајќи го и Ферари. Работната група на ФИА ќе се состане оваа недела да дискутира околу оваа тема и се ќе биде разјаснето пред трката во Канада.