Хаотичен старт на денешната трка по извртувањето на Р.Грожан
Марк Вебер е Победик на Големата Награда на Монако. Ова беше негова втора победа во кнежевството во период од три години и стана шестиот различен победник во исто толку трки од оваа сезона.Стартувајќи од Пол позицијата по казната на Михаел Шумахер, Вебер рутински со многу искуство ја одржуваше својата предноста на чистата патека пред него и покрај единственото влегување во боксовите, завршувајќи ја трката пред Розберг, Алонсо и тимскиот колега Ветел.
Уште со стартот на трката дождот беше стално најавуван, но засили малку во финалните осум круга, баш кога гумите на водечките болиди почнаа да не работат како треба. Тоа допринесе водечките шест болиди да формираат мини воз, предводен од Вебер, Розберг, Алонсо, Ветел, Хамилтон и Маса. Но, како што дождецот слабееше, темпото на Австралијанецот се зголеми и тој беше во можност да ја забележи својата прва победа во 2012 сезоната.
Денес не гледавме баш многу интересна трка, освен хаотичниот старт кога беа елиминирани неколку кандидати за подиумот. Роман Грожан имаше слаб старт, па следуваше допир со Алонсо, што го отфрли во болидот на Михаел Шумахер, неговата амортизација беше уништена, а потоа следуваше негово извртување на влез во Sainte Devote. Шумахер беше во можност да продолжи и беше на седмо место кога поради проблеми со притисокот на горивото мораше да се паркира во својата гаража.
Во налетот на болиди сите успеаа да го избегнат Французинот, освен Камуи Кобајаши со Заубер, кој имаше мал лет во воздух, за подоцна се повлече од трката поради оштетена амортизација.
Потоа следуваше победникот од Барселона, Пастор Малдонадо, кој направи погрешна проценка кога треба да закочи и директно удри во задниот дел на болидот на ХРТ со Педро де ла Роса во него, а потоа следуваше излегување на безбедносното возило.
Кога тоа се повлече од патеката, Марк Вебер како што кажавме и претходно го одржуваше своето водство стекнато од самиот старт. Ветел со стратегијата да започне со меките гуми и со планиран еден пит-стоп, успеа да дојде до шестото место започнувајќи ја трката од 10-тата позиција.
И оваа трка ни покажа дека претекнувањето на оваа патека речиси е невозможно, па трката ја решаваа пит-стоповите и одбраната стратегија за гумите. Розберг беше првиот што влезе во бокс по нов сет гуми, а потоа следеа Вебер и Хамилтон два круга подоцна. Следуваше навалица од болиди во боксовите, момент кога Алонсо го помина Хамилтон благодарение на брзата работа на механичарите на Ферари.
Џенсон Батон незабележителен на оваа трка и не успеа да направи каков било напредок со вториот болид на Мекларен. Поголемиот дел од трката го помина обидувајќи се да го помине Хеики Ковалаинен со Катерам, при тоа имаше едно извртување и кога на крајот успеа во неговите напори, мораше да ја заврши трката пред време паркирајќи се во боксот. Разочарувачки ден за тимот на Лотус, Грожан стартуваше од четвртата позиција, но помина само неколку метри пред да ја заврши трката, а Кими заврши дури деветти. Денес работите едноставно не се одвиваа како треба за нив. Лотус освои најмногу поени од сите во последните две трки, но денес освои само два поени.
Во не многу интересна трка Вебер стана шестиот различен победник во исто толку трки во оваа досега најинтересна сезона во Формула 1 Шампионатите. За две недели следува трката за Големата Награда на Канада, каде се надеваме дека ќе го имаме и седмиот различен возач како Победник.
Голема Награда на Монако, Монте Карло.
78 круга, 260.520км.,Време: облачно.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Марк Вебер Ред Бул 1ч46:06.557
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 0.643
3. Фернандо Алонсо Ферари + 0.947
4. Себастијан Ветел Ред Бул + 1.343
5. Луис Хамилтон Мекларен + 4.101
6. Фелипе Маса Ферари + 6.195
7. Пол Ди Реста Форс Индија + 41.500
8. Нико Хулкенберг Форс Индија + 42.500
9. Кими Раиконен Лотус + 44.000
10. Бруно Сена Вилијамс + 44,500
11. Серџо Перез Заубер + 1 круг
12. Жан-Ерик Верн Торо Росо + 1 круг
13. Хеики Ковалаинен Катерам + 1 круг
14. Тимо Глок Марусија + 1 круг
15. Нараин Картикејан ХРТ + 2 круга
Најбрз Круг:Серџо Перез - 1:17.298
БЕЗ ПЛАСМАН:
Возач Тим При круг
Џенсон Батон Мекларен 71
Даниел Рикардо Торо Росо 66
Чарлс Пик Марусија 65
Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 64
Виталиј Петров Катерам 16
Камуи Кобајаши Заубер 6
Педро де ла Роса ХРТ 1
Пастор Малдонадо Вилијамс 1
Роман Грожан Лотус 1
Генарален пласман по 6 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Ф.Алонсо 76 1. Ред Бул 146
2. С.Ветел 73 2. Мекларен 108
3. М.Вебер 73 3. Ферари 86
4. Л.Хамилтон 63 4. Лотус 86
5. Н.Розберг 59 5. Мерцедес АМГ 61
6. К.Раиконен 51 6. Вилијамс 44
7. Џ.Батон 45 7. Заубер 41
8. Р.Грожан 35 8. Форс Индија 28
9. П.Малдонадо 29 9. Торо Росо 6
10. С.Перез 22
11. П.Ди Реста 21
12. К.Кобајаши 19
13. Б.Сена 15
14. Ф.Маса 10
15. Н.Хулкенберг 7
16. Ж.Верн 4
17. М.Шумахер 2
18. Д.Рикардо 2