ВО ПРЕСРЕТ НА 2012 КАНАДА ГРАН ПРИ
6/07/2012 12:20:00 PM
0
Во пресрет на Големата Награда на Канада, Фернандо Алонсо е водечкиот на табелата кај возачите со болид, кој според многу стручњаци е далеку од најдобариот на патеката. Деновиве, Шпанецот, изјави дека Канада ќе биде вистински тест дали Ферари ќе можат да останат во борбата за титулите до крајот на сезоната. Подобрувањата на Ферари дадоа резултат досега, но сега претстои вистинското искушение според Алонсо.
Мекларен се тимот кој од почетокот на сезоната назадува. За нив трката во Канада исто така е многу важнa со оглед на развојот на шампионатот. Патеката во Канада ќе биде удобна за Мерцедес АМГ според зборовите на Нико Розберг, кој веќе има една победа оваа сезона. Се поставува прашањето дали Михаел Шумахер конечно ќе ги израдува своите многубројни фанови откако пред една недела ја освои првата позиција на стартот во Монако?
Од тимот на Лотус се уште не можат да го реализираат целосно својот потенцијал. Иако имаа две добри трки во Бахреин и Шпанија, во Монако работите малку им избегаа во погрешен правец.
Моментално водечкиот тим на Ред Бул ќе треба да го промени подот на нивниот болидот откако ФИА го прогласи за нелегален. Хелмут Марко веќе изјави дека тоа нема да има кој знае какво влијание, бидејќи во Канада и онака тие сметале да користат различен под.
ОВДЕ И НА ФБ СТРАНИЦАТА НА МкФормула1 ГИ ИМАТЕ ПОВЕЌЕТО ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ТРКАТА ВО КАНАДА, А ОД ТЕХНИЧКИ ПРИЧИНИ СО НОВИ ИНФОРМАЦИИ ПРОДОЛЖУВАМЕ ОД СРЕДА... СИТЕ ОЧЕКУВАМЕ ОВА ДА БИДЕ ЕДНА ОД НАЈВОЗБУДЛИВИТЕ ТРКИ ШТО СМЕ ИМАЛЕ ПРИЛИКА ДА ГИ ГЛЕДАМЕ...
Tags
Share to other apps