Хе-хе-хе, добро што го казнија, подобро ни е без него!!!
Луис Хамилтон и Мекларен беа под истрага на
стјуардите, откако тој го запре својот болид на патеката, по наредба на
својот инженер, веднаш по завршувањето на Квалификациите. Стјуардите требаше да одлучат дали неговото запирање на
патеката беше оправдано или беше само цел на штедење на горивото. По завршувањето на сите разговори било утврдено дека болидот немал доволно гориво за да се врати до боксовите.Претставник на тимот, Сем Мајкл, изјавил дека болидот на Хамилтон застана на патеката од причини на виша сила. Член на тимот ставил недоволна количина на гориво во болидот што резултирало болидот да мора да се запре на патеката, со цел да бидат во можност ја обезбедат потребната количина на гориво за земање мостри од страна на ФИА.
Стјуардите не го прифатиле ова објаснување од Мекларен, бидејќи количеството на гориво кое се става во болидот е под целосна контрола на натпреварувачите и не може да се претстави како виша сила. Стјуардите утврдиле дека тоа се коси со членот 6.6.2 на ФИА Ф1 техничките прописи и натпреварувачот соодветно се исклучува од резултатите на денешните квалификации. Мекларен, сепак, доби дозвола трката да ја започне од задниот дел на поредокот.
Роман Грожан мисли дека тој би можел да биде малку побрз во квалификациите за Шпанското ГП, ако тој ги немал проблемите во утринскиот слободен тренинг.
По уште едни разочарувачки Квалификации, Фелипе Маса, призна дека и тој самиот знае дека мора да се направи прогрес од неговата 17-та стартна позиција.
Пастор Малдонадо верува дека неговиот Вилијамс е во силна позиција пред стартот на Шпанското Гран При и го опиша неговиот болид како "фантастичен".
Фернандо Алонсо е убеден дека неговиот тим Ферари направи чекор во вистинската насока, откако тој се квалификуваше на задоволителноата трета позиција на неговото домашно Гран При.
Луис Хамилтон рече дека очекува да има "голема битка" со Пастор Малдонадо и Фернандо Алонсо во текот на утрешната трка, по обезбедувањето на својата 21-ва Пол позиција во кариерата.
Кими Раиконен изјави дека неколку мали грешки го чинеле пласман меѓу првите три стартни позиции, но исто така, признава дека е среќен и со петта позиција, бидејќи тркачкотоп темпо на болидот е одлично.
Марк Вебер изјави дека е фрустриран од денешните Квалификации, откако неговиот тим му рекол да влезе во бокс, бидејќи неговото време е доволно добро за влез во Q3. Стратегиска грешка од тимот на Ред Бул.
Џенсон Батон не може да си објасни зошто неговиот болид се однесувал толку различно од денешниот слободен тренинг до Квалификациите,откако тој не успеа да се пласира во најдобрите десет.
Себастијан Ветел останува оптимист во врска со неговите шанси за Победа на утрешната трка и покрај осмата стартна позиција освоена на квалификациите за Шпанското ГП.