Алонсо на стартот го помина Малдонадо, но го изгуби првото место во боксовите !!!
Пастор Малдонадо со одлично возање ја забележа својата Прва Формула 1 Победа и го прекина постот на Вилијамс, кој датира од крајот на 2004 година. Ова е прва победа и за возач од Венецуела. Не верувам дека некој претпоставуваше дека Пастор Малдонадо со
Вилијамс ќе победи на трката денес. Но, тој успеа во својата намера и тоа во многу
конкурентна трка. Фернандо Алонсо иако на стартот ја поведе трката, немаше можност да ја задржи пред денес фантастичниот болид на Вилијамс. Подиумот го заокружи Кими Раиконен, кој ако не беше резервиран во почетокот на трката можеше да стигне и до победа на оваа трка. Петта Трка, петти различен победник во сезоната 2012.Освоените поени го носат Фернандо Алонсо во заедничко водство на шампионатот со Себастијан Ветел кој успеа да заврши само на 6-то место зад Роман Грожан и Камуи Кобајаши. Нико Розберг го задржа 7-то место пред нападите на Луис Хамилтон во последните моменти од трката. Џенсон Батон и Нико Хулкенберг беа последните возачи кои денес освојуваат поени.
Трката започна со добар старт на Алонсо кој го презеде водството од Малдонадо уште во првата кривина, а потоа набилда предност од три секунди пред Венецуеланецот во текот на првиот стинг, а двата болиди се одалечуваа од остатокот на колоната во овој периот на трката. Неколкуте секунди предност овозможија Шпанецот да го задржи водството при првата промена на гумите, но тука работите почнаа да одат надолу за Ферари. Клучна беше стратегиската одлука на Вилијамс да влезат први по нови гуми, при што Малдонадо имаше супер брз круг по второто застанување во боксовите, а Алонсо заглави во сообраќајот зад Чарлс Пик. Подоцна возачот на Марусија заработи казна за игнорирање на плаво знаме.
Малдонадо го помина болидот на Алонсо низ боксовите, но потоа со одлично возење успеа да направи предност во неколку круга од дури 7 секунди. На крајот од овој стинт Алонсо почна да ја намалува разликата и ја донесе до 4.2 секунди пред последниот пит-стоп на Вилијамс, при кој имаа и мали проблеми со веќе фамозното десно задно тркало.
Алонсо остана уште неколку круга на патеката, што значеше дека нема шанси да го престигне Вилијамсот низ боксовите. По последното влегување на Алонсо, Шпанецот почна да форсира и некое време изгледаше неизбежно дека Малдонадо ќе потклекне пред притисокот на Алонсо, но на изненадување на сите Ферарито прво почна да ги губи перформансите во завршната фаза, а водството на Малдонадо почна повторно да се зголемува, овозможувајќи му на Малдонадо да забележи многу неочекувана победа со 3,1 секунди преност.
Новите гуми на Раиконен во последниот стинт му овозможија да се доближи до водечките, намалувајќи ја разликата од 21 секунда на само 0.7, но на крајот му снема кругови за нешто повеќе. Од Лотус кои по дисквалификацијата на Хамилтон се сметаа како едни од фаворитите за Победа, ја погрешија својата стратегија за само неколку круга. Кими ќе ја очекува својата Победа во некоја од наредните трки.
Себастијан Ветел и Фелипе Маса се бореа да освојат што е можно повеќе бодови, но нивната задача беше направена уште потешка кога и на двајцата заработија drive-through казни за игнорирање на жолти знамиња. Ова му овозможи на Хамилтон со две застанувања во боксот да дојде до заслужените поени.
За разлика од него Седумкратниот Шампион, Михаел Шумахер, попвторно не заврши уште една трка, бидејќи се удри во задниот дел на болидот на Бруно Сена при кочењето за првата кривина. Инцидентот се испитуваше по трката, Шумахер веќе имаше слични инциденти по враќањето на патеката, па нормално е што стјуардите решијада му изречат казна од пет стартни места поназад за следната трка во Монако.
2012 ГОЛЕМА НАГРАДА НА ШПАНИЈА, КАТАЛУЊА, БАРСЕЛОНА
66 круга, 307.104км, Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Пастор Малдонадо Вилијамс-Рено 1ч39:09.145
2. Фернандо Алонсо Ферари + 3.195
3. Кими Раиконен Лотус + 3.884
4. Роман Грожан Лотус + 14.799
5. Камуи Кобајаши Заубер + 1:14.641
6. Себастијан Ветел Ред Бул + 1:17.576
7. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 1:27.919
8. Луис Хамилтон Мекларен + 1:28.100
9. Џенсон Батон Мекларен + 1:25.200
10. Нико Хулкенберг Форс Индија + 1 круг
11. Марк Вебер Ред Бул + 1 круг
12. Жан-Ерик Верн Торо Росо + 1 круг
13. Даниел Рикардо Торо Росо + 1 круг
14. Пол Ди Реста Форс Индија + 1 круг
15. Фелипе Маса Ферари + 1 круг
16. Хеики Ковалаинен Катерам + 1 круг
17. Виталиј Петров Катерам + 1 круг
18. Тимо Глок Марусија + 2 круга
19. Педро Де Ла Роса ХРТ + 3 круга
Најбрз круг: Роман Грожан - 1:26.250
БЕЗ ПЛАСМАН:
Возач Тим При круг
Серџо Перез Заубер 38
Чарлс Пик Марусија 36
Нараин КАрикејан ХРТ 23
Бруно Сена Вилијамс 13
Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 13
Генерален пласман по 5 трки:
ВОЗАЧИ: КОНСТРУКТОРИ:
1. Ветел 61 1. Ред Бул 109
2. Алонсо 61 2. Мекларен 98
3. Хамилтон 53 3. Лотус 84
4. Раиконен 49 4. Ферари 63
5. Вебер 48 5. Вилијамс 43
6. Батон 45 6. Мерцедес АМГ 43
7. Розберг 41 7. Заубер 41
8. Грожан 35 8. Форс Индија 18
9. Малдонадо 29 9. Торо Росо 6
10. Перез 22
11. Кобајаши 19
12. Ди Реста 15
13. Сена 14
14. Верн 4
15. Хулкенберг 3
16. Шумахер 2
17. Маса 2
18. Рикардо 2