Каде има чад, има и оган !!!
Мика Сало рече дека неговиот сонародник Валтери Ботас, чија кариера е во рацете на Кристијан "Тото" Волф, акционер во тимот на Вилијамс, треба да го замени Сена. "Ботас е високо почитуван од страна на тимот. Френк Вилијамс има многу високо мислење за Валтери и вели дека треба да учествува во трки. Го прашав кога и Френк рече дека нема да каже кога. Главниот проблем на Ботас е високата сума на пари, неколку милиони долари, која Сена ја внесува во тимот преку неговите партнери Embratel, Gillette, Head and Shoulders, MRV и OGX.
Ботас секако ги негираше гласините, но ќе се врати во болидот на Сена во уште неколку наврати оваа сезона за време на петочните слободни тренинзи.