Алонсо ги подгрева надежите на Ферари за нова Победа !!!
Фернандо Алонсо го забележа најбрзото време на првиот тренинг за Големата Награда на Монако. Сесијата траеше 4 минути пократко бидејќи моторот на болидот на Катерам реши да експлодира во тунелот. Тоа предизвика црвено знаме и беше решено тренингот да се заврши порано од очекуваното. Тоа не лиши од последните брзи кругови, Алонсо во тоа време забележа најбрз прв сектор, а на патеката излегуваа повеќето возачи.На овој тренинг единствено за тимот на Лотус работите не се развиваа по нивниот план, бидејќи Кими Раиконен го пропушти целиот тренинг откако повторно неговиот болидот имаше проблеми со управувањето.
Како и секогаш патеката при првиот тренинг е валкана и болидите немаат грип, па тоа беше причината доста од возачите да останат во боксот доста долго по почетокот на истиот. Времињата како се ближеше крајот постојано се подобруваа и на вториот тренинг треба да имаме појасна слика за она што можеме да очекуваме за овој викенд.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Фернандо Алонсо Ферари 1:16.265 22
2. Роман Грожан Лотус 1:16.630 + 0.365 17
3. Серџо Перез Заубер 1:16.711 + 0.446 19
4. Луис Хамилтон Мекларен 1:16.747 + 0.482 12
5. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:16.760 + 0.495 20
6. Фелипе Маса Ферари 1:16.843 + 0.578 19
7. Камуи Кобајаши Заубер 1:17.038 + 0.773 21
8. Џенсон Батон Мекларен 1:17.190 + 0.925 13
9. Себастијан Ветел Ред Бул 1:17.222 + 0.957 14
10. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:17.261 + 0.996 18
11. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 1:17.413 + 1.148 14
12. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:17.631 + 1.366 18
13. Марк Вебер Ред Бул 1:18.106 + 1.841 14
14. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:18.209 + 1.944 25
15. Даниел Рикардо Торо Росо 1:18.252 + 1.987 28
16. Пол ди Реста Форс Индија 1:18.302 + 2.037 16
17. Бруно Сена Вилијамс 1:18.617 + 2.352 20
18. Хеики Ковалаинен Катерам 1:19.030 + 2.774 20
19. Виталиј Петров Катерам 1:19.341 + 3.076 16
20. Нараин Картикејан ХРТ 1:20.838 + 4.573 26
21. Чарлс Пик Марусија 1:20.895 + 4.630 18
22. Тимо Глок Марусија 1:21.638 + 5.373 9
23. Педро де ла Роса ХРТ 1:22.423 + 6.158 15
24. Кими Раиконен Лотус 1
Батон прв ги испроба супер-меките гуми на Пирели за најбрзо време !!!
Џенсон Батон беше најбрз на попладневниот втор тренинг, во кој сите најбрзи времиња беа поставени во првите 15 минути од почетокот на сесијата, а тогаш на сцена настапи годинава неизбежниот дожд.
Сите тимови тоа и го очекуваа бидејќи дождот беше прогнозиран, па за разлика од утринскиот тренинг овој пат имавме вистинска навалица од болиди на почетокот за што повеќе да се искористи тогаш сувата патека.Во тие почетни минути Батон ги испроба супер-меките гуми на Пирели и го забележа најбрзото време кое беше 0,392 секунди побрзо од времето на Роман Грожан со болидот на Лотус. Како ретко досега, Фелипе Маса беше побрз од Фернандо Алонсо со трето,т.е четврто најбрзо време. Победникот од Барселона, Пастор Малдонадо, ги заокружи најбрзите пет возачи на вториот тренинг.
Лидерот во шампионатот, Себастијан Ветел беше само10-ти. Дождот накратко попушти на околу половина час пред крајот на тренингот, што поттикна неколку возачи да се врати на слик гумите, но условите беа далеку од поволни за поставување на брзи времиња. Кратко време потоа повторно заврна, па и не видовме нешто позначајно на патеката. Возачите потоа излегоа на интермедиа гумите, колку да видат како се однесуваат болидите на влажна патека. И покрај лизгавите услови и неколкуте излегувања надвор од патеката, сите болиди успеаа да ги избегнат блиските бариери. За прв пат го видовме рикверцот на болидите, кој не работеше само на болидот на Хеики Ковалаинен, па мораше пред време да го заврши тренингот.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Џенсон Батон Мекларен 1:15.746 14
2. Роман Грожан Лотус 1:16.138 + 0.392 17
3. Фелипе Маса Ферари 1:16.602 + 0.856 19
4. Фернандо Алонсо Ферари 1:16.661 + 0.915 21
5. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:16.820 + 1.074 18
6. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:17.021 + 1.275 13
7. Марк Вебер Ред Бул 1:17.148 + 1.402 21
8. Камуи Кобајаши Заубер 1:17.153 + 1.407 20
9. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 1:17.293 + 1.547 9
10. Себастијан Ветел Ред Бул 1:17.303 + 1.557 19
12. Пол ди Реста Форс Индија 1:17.395 + 1.649 19
13. Бруно Сена Вилијамс 1:17.655 + 1.909 18
14. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:17.800 + 2.054 23
15. Серџо Перез Заубер 1:18.251 + 2.505 22
16. Виталиј Петров Катерам 1:18.440 + 2.694 23
17. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:18.522 + 2.776 20
18. Даниел Рикардо Торо Росо 1:18.808 + 3.062 24
19. Кими Раиконен Лотус 1:19.267 + 3.521 23
20. Тимо Глок Марусија 1:19.309 + 3.563 27
21. Хеики Ковалаинен Катерам 1:20.029 + 4.283 13
22. Чарлс Пик Марусија 1:20.240 + 4.494 19
23. Педро де ла Роса ХРТ 1:20.631 + 4.885 12
24. Нараин Картикејан ХРТ 1:20.886 + 5.140 10