Еден тивок петок во Монте Карло!!!
Специјален извештај од Монако, во потрага по одговор зошто во петокот нема тркање низ улиците на ова кнежество?Монако ГП е една од најдобрите трки без престигнување во Формула 1 календарот. Исто така ова е една од невообичаените трки од сезоната по тоа што првите тренинг сесии се одвиваат во четвртокот, а тимовите имаат слободен ден во петок. Но, зошто е ова така?
"Па тоа е пелфектно јасно "-изјави еден Ф1 инженер. "Има нешто, како, пазарот, хик... нешто. Пазарен ден, да, да, во петокот. Ете зошто. Дали е тоа вашиот пијалок? Што? Хик, тоа мора да е мојата чаша. На здравје! "
Пазарен ден во петок, звучеше како веродостојно причина, но сигурно Монако може да се откаже од пазарот, кога е гран при викендот ?!?
"Што рековте? Пазал? ", рече еден член на друг тим. "О, рековте пазар. Да колега, хик, да некои легенди за некој стар пазар. Но, не тоа не е вистинската причина за да нема, знаеш, не, брмммммммм, нема возење, брмм на ... на ... на ... кој ден рековте? Не колега, тоа е вашиот пијалок или мој колега ... значи ...мислам дека нема возење во петок поради законите, нели. Петок е "тивок ден" во Монте Карло, хик ... или нешто така. Да. Закони, друже. Закони. На здравје! "
Со кралското семејство толку тесно вклучено во трката се чини чудно што тие не можеле да ги променат законите за да се овозможи Ф1 да се одвива во петок. Во нашата потрага да се најде вистински одговор, сретнавме еден познат поранешен возач кој побара за нас да не го именуваме и да не зборуваме за тоа колку повраќаница излезе од него по нашето интервју.
"Нема акција во петокот бидејќи ...хмммммммм ... ЕЈ! Мигел! Мигел! Може да добиеме уште една рунда со колегава. На здравје! Аххх, Да, она што треба да се запамети, нели, е дека Формомула 1, да, е многу, многу, многу, многууууууууууу ... хммммммм ... комплицирана. Нели? Значи, тимовите, да, тие имаат потреба од еден екстра ден, да, знаеш, хммм... да работат тимски нешта. Нели? Како се викавте Стив? Не? Ох, некој ми кажа дека така се викате... хмммм ... а тоа е вашиот пијалок или мојот? Мојот? Ах! На здравје! "
Продолжуваме понатака по улиците на Монако, а музиката одекнува од многуте јахти во пристаништето, а вистинската тајна за петокот останува да ја откриете сами.
5000 ФУНТИ
ReplyDeleteALL INCLISIVE
5 ДЕНА НА ОВАА ЈАХТА...
33 МЕТРА ОД ПАТЕКАТА..