Шуми потсети на неговите најдобри денови !!!
Михаел Шумахер беше најбрз на квалификациите во Монако, но Марк Вебер ќе стартува од Пол позицијата поради казната од пет стартни места на Германецот поради судирот со Бруно Сена во Барселона.Поради оваа казна ова нема да се брои како првата Пол позиција по неговиот Формула 1 кам-бек, а тоа ќе го искористи Вебер, кој беше 0,08 секунди послаб па ќе стартува од првата позиција во Монте Карло по втор пат во неговата Ф1 кариера. Тимскиот колега на Шуми, Нико Розберг, го заокужи денешниот победнички подиум.
Во најинтересната Q3 сесија до сега, на почетокот го видовме Розберг на на привремената прва позиција, а Роман Грожан и Луис Хамилтон исто така изгледаа брзи на патеката. Во текот на вторите кругови Марк Вебер ја презеде од Розберг привремена пол позиција, која му беше одземена од Шумахер на крајот од сесијата, а додека Хамилтон стигна само до четвртата позиција.
Роман Грожан беше разочаран од само 5-тата позиција пред денес изненадувачки бавните (најавуваа борба за Пол позицијата) болиди на Ферари и тоа Фернандо Алонсо и Фелипе Маса, кој конечно забележа сигурен пласман во Најбрзите десет. Следува Кими Раиконен со вториот болид на Лотус, кој овој викенд никако да го најде вистинскиот сет-ап на болидот.
Истиот проблем го имаше и Себастијан Ветел па од тимот на Ред Бул одлучија да не поставуваат време со цел да ги заштедат гумите. Сепак тој ќе стартува како деветти, бидејќи 9-тата позиција на Пастор Малдонадо по казната од десет места ќе стане 19-та.
Најголемо изненадување на денот можеби е неуспехот на Џенсон Батон да се пласира во Топ 10 и ќе стартува од 13-тата позиција. Најголемиот малер денес беше, Жан-Ерик Верн кој удри во бариерата покрај патеката при неговиот брз круг, на излезот од тунелот, и направи значајна штета на десната задна амортизација, а неговото предно крило заврши во повеќе делови разлетани на асфалтот во Монте Карло. При ова за малку само што не настрада и Фелипе Маса и со крајни маки успеа да избегне контакт.
По инцидентот со Малдонадо на денешниот тренинг Перез повторно ја загуби контролата врз својот болид, се судри со бариерите и го предизвика единственото црвено знаме на денешните квалификации. Тој ќе стартува последен, 24-ти, зад болидите на Катерам, МАрусија и ХРТ, иако на Хеики Ковалаинен му фалеа само 0.050с. за влез во Q2.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 1:14.301
2. Марк Вебер Ред Бул 1:14.381 + 0.080
3. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:14.448 + 0.147
4. Луис Хамилтон Мекларен 1:14.583 + 0.282
5. Роман Грожан Лотус 1:14.639 + 0.338
6. Фернандо Алонсо Ферари 1:14.948 + 0.647
7. Фелипе Маса Ферари 1:15.049 + 0.748
8. Кими Раиконен Лотус 1:15.199 + 0.898
9. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:15.245 + 0.944
10. Себастијан Ветел Ред Бул без поставено време
Q2 Најбрзо време: Фелипе Маса 1:14.911 Разлика
11. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:26.429 + 0,960
11. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:15.421 + 0,510
12. Камуи Кобајаши Заубер 1:15.508 + 0,597
13. Џенсон Батон Мекларен 1:15.536 + 0,625
14. Бруно Сена Вилијамс 1:15.709 + 0,798
15. Пол ди Реста Форс Индија 1:15.718 + 0,807
16. Даниел Рикардо Торо Росо 1:15.878 + 0,967
17. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:16.885 + 1,974
Q1 Најбрзо време: Нико Хулкенберг 1:15.418 Разлика
18. Хеики Ковалаинен Катерам 1:16.538 + 1,120
19. Виталиј Петров Катерам 1:17.404 + 1,986
20. Тимо Глок Марусија 1:17.947 + 2,529
21. Педро де ла Роса ХРТ 1:18.096 + 2,678
22. Чарлс Пик Марусија 1:18.476 + 3,058
23. Нараин Кaртикејан ХРТ 1:19.310 + 3,892
24. Серџо Перез Заубер без поставено време
107% Време: 1:20.697