2012 МОНАКО ГП: ШУМИ ВООДУШЕВЕН, РОС БРАУН ЗАПЛАКА
5/26/2012 05:34:00 PM
0
Михаел Шумахер беше подобар за 0.080с. од Вебер за најбрзото време на денешните квалификации, но Германецот ќе започне од шестата позиција, додека Големата Награда на Монако, која стартува утре во 14 часот, Марк Вебер ќе ја започне од првата позиција. Ова е најдобриот резултат во квалификациите за Шуми по неговото враќање во Формула 1.
"Како прво, јас сум повеќе од задоволен со Пол позиција во Монако. Монако за сите нас е посебна патека во календарот, и ова е многу престижна позиција. Освојувањето на Пол позицијата, по се она што ми се случуваше во изминатите две и пол години, е навистина неверојатно и ќе биде запамтена како една од најдрагите за мене. Уште на прес конференцијата во средата, реков дека ќе се обидам да дојдам до Пол позицијата и дека трката ќе ја започнам од шестата позиција, и дека јас ќе сторам сé што е можно да Победам на оваа трка. Тоа е причината зошто сум тука, мојата цел е да Победувам. Благодарност до целиот тим, посебно момците кои работат блиску со мене и оваа Пол позиција повеќе не охрабрува".
Рос Браун, кој работи со Шумахер уште од почетокот на деведесеттите години, уште од времето на Бенетон, признава дека заплакал по Пол позицијата на Шумахер.
"Морам да признаам дека плачев. Тој се соочи со тешки моменти по неговото враќање, и ова денес беше извонредно возење. Тој беше добар од почетокот на викендот, работевме на подесувањето на болидот како и симулации на трката, но на квалификациите денес дојде до израз нашата напорна работа. Казната од Барселона е фрустрирачка, но не можевме да направиме ништо подобро. Минатата година на оваа трка имавме проблем со гумите, па тоа ќе биде нашиот следен предизвик. Да бидам искрен не зависи се од гумите. Може да се обидете да создадете методологија, но понекогаш таа работи во ваша корист, понекогаш не. Лотус во четвртокот се чинеше непобедлив, а денес е сосема поинаку, ќе видиме што ќе се случи утре".
Tags
Share to other apps