Себастијан Ветел беше најбрз на Квалификациите !!!
Себастијан Ветел со Ред Бул ја освои Пол позиција за Големата Награда на Канада, следен од Луис Хамилтон со Мекларен и Фернандо Алонсо со Ферари. Дефинитивно многу добри квалификации за Ветел со време побрзо за дури три десетинки од тоа на Хамилтон. Тоа беа многу добри квалификации за Маса и ди Реста, кој успеа да се пласира на позиција пред Шумахер и Батон. Шумахер не успеа да го заврши последниот круг, додека Батон остана без супер-меки гуми за последниот круг и возеше со меките гуми. Тој беше единствениот возач со меки гуми во Најдобрите десет.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Себастијан Ветел Ред Бул 1:13.784
2. Луис Хамилтон Мекларен 1:14.087 + 0.303
3. Фернандо Алонсо Ферари 1:14.151 + 0.367
4. Марк Вебер Ред Бул 1:14.346 + 0.562
5. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:14.411 + 0.627
6. Фелипе Маса Ферари 1:14.465 + 0.681
7. Роман Грожан Лотус 1:14.645 + 0.861
8. Пол Ди Реста Форс Индија 1:14.705 + 0.921
9. Миахел Шумахер Мерцедес АМГ 1:14.812 + 1.028
10. Џенсон Батон Мекларен 1:15.182 + 1.398
Q2 Најбрзо време: С.Ветел 1:14.661 Разлика
11. Камуи Кобајаши Заубер 1:14.688 + 0.501
12. Кими Раиконен Лотус 1:14.734 + 0.547
13. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:14.748 + 0.561
14. Даниел Рикардо Торо Росо 1:15.078 + 0.891
15. Серџо Перез Заубер 1:15.156 + 0.969
16. Бруно Сена Вилијамс 1:15.170 + 0.983
17. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:15.231 + 1.044
Q1 Најбрзо Време: С.Ветел 1:14.187 Разлика
18. Хеики Ковалаинен Катерам 1:16.263 + 1.602
19. Виталиј Петров Катерам 1:16.482 + 1.821
20. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:16.602 + 1.941
21. Педро Де Ла Роса ХРТ 1:17.492 + 2.831
22. Тимо Глок Марусија 1:17.901 + 3.240
23. Чарлс Пик Марусија 1:18.255 + 3.594
24. Нараин Картикејан ХРТ 1:18.330 + 3.669
Луис Хамилтон ја забележа првата Победа во оваа сезона !!!
Луис Хамилтон со Мекларен е победникот на трката за Големата награда на Канада. Пласман на Подиумот забележаа и Ромен Грожан со Лотус и Серџо Перез со Заубер. Себастијан Ветел, кој стартуваше од Пол позицијата, заврши четврти, а Фернандо Алонсо со Ферари остана на петтото место.Трката ни понуди доста интересни моменти и сосема различни стратегии кои коментаторите до последен момент се обидуваа да ги разгатнат. Стратегии за едни успешни, за други не. За нас гледачите последните кругови најверојатно ќе ни останат во сеќавање како најинтересниот дел од трката.
Трката беше решена кога Хамилтон влезе по втор пат во боксовите по нови гуми, додека Алонсо и Ветел останаа на патеката. Потоа следеа неколку брзи круга за Хамилтон и шансите на Алонсо да го задржи првото место, ако запре по вторпат во боксот едноставно исчезнаа. Во Ферари одлучија да Останат само со едно сопирање во боксот. Одлука која предизвика многу негативни реакции на нивните фанови, но сега по трката лесно е да се правиш паметен.
За Ветел и Ред Бул исто така неуспешна стратегија на оваа трка. Ред Бул, за разлика од Ферари ги следеа времињата и на возачите зад нив, а не само на оние пред нив. Грожан и Перез беа заканата за нив, и кога Ветел го направи вториот бокс, нивните времиња беа доволно добри за да не му дозволат на Германецот да си го врати местото на подиумот.
Лотус веќе имаа горчливо искуство да губат места при крајот на трката поради истрошени гуми со Раиконен, но овој пат Грожан го искористи едното застанување во боксот за да стигне до одличното второ место, со старт од седмата позиција. Интересен е моментот што тој ги смени своите гуми само две круга по Алонсо, исто како и него стави употребувани меки гуми, но успеа да стигне до крајот со многу добро темпо.
Серџо Перез веќе стана познат по способноста да ги чува гумите. Тој стартуваше од 15-та позиција и заврши на подиумот. Тој започна со нови меки гуми, направи 40 круга со нив, потоа стави нови супер меки гуми. Повторно различна стратегија, но овојпат успешна.
Нико Розберг во првите неколку круга загуби две позиции и се најде на седмото место, но во подоцнежните фази на трката не беше бавен, а во еден моментго имаше и најбрзиот круг на трката. Неговата битка беше со Маса и Вебер и тој ја доби оваа борба, а малку фалеше да го помине и Алонсо за петтото место.
Марк Вебер, Кими Раиконен, Камуи Кобајаши, Фелипе Маса, ги освоија останатите поени, но никој од нив не покажа брзина во неделата. За Маса ова беше добра можност да освои многу поени, но тој си дозволи грешка уште во 5-от круг, се изврте во првата кривина и се најде во тој момент на 12-то место.
Лошите трки на Батон продолжија и во Канада. Победникот од 2011 година тука изгледаше изгубено. Според Витмарш вината е на тимот, бидејќи го лишиле Батон од можноста во петокот да вози со новата задна амортизација. Мекларен треба да најде брзи одговори за проблемите на Батон ако сакаат да останат во борба за шампионатот на конструкторите.
На Шуми оваа сезона едноставно не му оди. Уште еден технички проблем, уште една незавршена трка. Овој пат неговиот ДРС-систем остана отворен и Шумахер мораше да застане во боксот, а неговите механичари не успеаа да го поправат проблемот, што пак значеше крај на трката за Шумахер.
Следниот викенд ни претстои трката за Големата Награда на Европа во Валенсија, трка која обично не носи многу интересни моменти, но оваа сезона се е можно.
ГОЛЕМА НАГРАДА НА КАНАДА, МОНТРЕАЛ, КАНАДА.
70 круга, 305.270км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Луис Хамилтон Мекларен 1ч32:29.586
2. Роман Грожан Лотус + 2.513
3. Серџо Перез Заубер + 5.260
4. Себастијан Ветел Ред Бул + 7.295
5. Фернандо Алонсо Ферари + 13.411
6. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 13.842
7. Марк Вебер Ред Бул + 15.085
8. Кими Раиконен Лотус + 15.567
9. Камуи Кобајаши Заубер + 24.432
10. Фелипе Маса Ферари + 25.272
11. Пол Ди Реста Форс Индија + 37.693
12. Нико Хулкебнерг Форс Индија + 46.236
13. Пастор Малдонасо Вилијамс + 47.052
14. Даниел Рикардо Торо Росо + 1:04.475
15. Жан-Ерик Верн Торо Росо + 1 круг
16. Џенсон Батон Мекларен + 1 круг
17. Бруно Сена Вилијамс + 1 круг
18. Хеики Ковалаинен Катерам + 1 круг
19. Виталиј Петров Катерам + 1 круг
20. Чарлс Пик Марусија + 2 круга
НАЈБРЗ КРУГ: Себастијан Ветел - 1:15.752
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ При Круг
Тимо Глок Марусија 57
Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 34
Педро Де Ла Роса ХРТ 25
Нараин Картикејан ХРТ 23
Генерален Пласман по 7 трки:
ВОЗАЧИ: КОНСТРУКТОРИ:
1. Л.Хамилтон 88 1. Ред Бул 164
2. Ф.Алонсо 86 2. Мекларен 133
3. С.Ветел 85 3. Лотус 108
4. М.Вебер 79 4. Ферари 97
5. Н.Розберг 67 5. Мерцедес АМГ 69
6. К.Раиконен 55 6. Заубер 58
7. Р.Грожан 53 7. Вилијамс 44
8. Џ.Батон 45 8. Форс Индија 28
9. С.Перез 37 9. Торо Росо 6
10. П.Малдонадо 29
11. К.Кобајаши 21
12. Пол Ди Реста 21
13. Бруно Сена 15
14. Ф.Маса 11
15. Н.Хулкенберг 7
16. Ж.Верн 4
17. М.Шумахер 2
18. Д.Рикардо 2