Кими Раиконен имаше солиден почетокот на сезоната со два пласмани на подиумот во Бахреин и Шпанија, но исто така имаше и многу технички проблеми на неговиот Лотус.
Меѓутоа, Финецот изјави дека проблемите се зад него и очекува Победа во Валенсија.
"Ми се допаѓа да победувам и тоа е она што секогаш се трудам да го направам. Никогаш не сум победил во Валенсија, па тоа е мојата цел. Последниот пат кога возев во Валенсија, трката ја завршив на третото место, стартувајќи од шестата позиција, тоа не беше лош резултат. За добар резултат ќе биде многу, многу важен перформансот на квалификационата сесија. Важно е да се стартува од чистата страна на патеката, затоа што тоа е улична патека каде имаме трка само еднаш годишно. Претекнувањата не се лесни, а ние ќе видиме дали ДРС-системот ќе ни помогне во тоа. Валенсија бара конзистентност. Значително време се губи на мали грешки".
2012 ЕВРОПА ГП: КИМИ ЈА ПОСАКУВА ПОБЕДАТА
6/19/2012 02:38:00 PM
0
Tags
Share to other apps