Во калкулациите не смееме да ги заборавиме Мекларен и Ред Бул !!!
По седум различни победници од седум интересни трки, постои шанса за досадна трка во Валенсија, бидејќи тоа е патека која не е баш најдобра за претекнување и ја нема драматичноста на уличните трки како Монако или Сингапур. Се уште има возачи кои би можеле да Победат како на пример, Кими Раиконен, Михаел Шумахер, Роман Грожан, но Мекларен, Ферари (Фелипе Маса би можел конечно да ги покаже своите возачки способности?!?) и Ред Бул почнуваат да се наметнуваат како тимови кои треба да се победат, па можеби е време за првиот двоен победник во оваа сезона. Но, трките оваа сезона се далеку од предвидливи, па дури и на патека како Валенсија би можеле да видиме возбудлива трка, нешто што секако сите го посакуваме.Со наближување на трката во Валенсија се зголемуваат и шпекулациите дека таа ќе биде заменета со трка во Мексико. Клучна фигура во целиот овој случај е "нашиот" познаник, богаташот Карлос Слим, кој откри дека работата за Мексичко ГП е во тек:
"Треба да дефинираме уште неколку работи, пред да дојде до официјален предлог и се надевам дека тоа може да биде реалност наскоро. Мексико покажа дека заслужува место во Ф1 календарот и со оглед на тоа што поголемиот дел од билетите за претстојната Голема Награда на САД, се купени од страна на Мексиканци. И во услови на економски проблеми на други места, сега е одлично време за Мексико, земја која ги има сите карактеристики да биде домаќин на големи настани. Ние работиме на формален предлог и колку што јас знам сè е направено во оптимално време."
Да се вратиме на Валенсија ГП-то, во теорија оваа улична патека треба да биде една од најдобрите во календарот, но никако да донесе возбудливи трки. Долгите правци се всушност криви, додека претекнување е речиси невозможно. Сет-апот за брз болид е компромис на добра максимална брзина, грип и downforce при мали брзини. Иако уличната патека, грешките ретко се казнети поради големиот број на зони на излетување, а претекнувањео треба да е возможно само со користење на ДРС-системот на влез во 12-тата кривина.
Ферари може да го сметаме за еден од фаворитите за победа, а нивниот главен дизајнер, Николас Томбазис вели дека тимот пронашол големо подобрување во перформансите на болидот, по интензивната работа на Ф2012 и дека влегуваат во Европското ГП со голема самодоверба.
Шефот на Мерцедес АМГ, Рос Браун, вели дека постојат сите услови да веруваме дека Формула 1 ќе го има осмиот различен победник овој викенд во Валенсија, а кандидати за тоа место се Михаел Шумахер и возачите на Лотус.
"Има добра можност дека на следната трка во Валенсија ние ќе го имаме осмиот победник. Постојат многу брзи возачи во многу брзи болиди кои сеуште немаат победа, пред се мислам на Михаел во нашиот болид. Лотус е добар болид и тие не се победници, исто така и тимот на Заубер. Се на се мислам дека ние ќе треба да го видиме осмиот победник и тоа е она што најверојатно ќе се случува. "
Размислувањата на сите инволвирани во Формула 1 спортот одат во овие две насоки. Кои се вашите предвидувања: Ќе го имаме ли осмиот различен Победник или време е за првиот двоен Победник оваа сезона?