Знаци за подобрување на Џенсон Батон, го забележа четвртото најбрзо време, 0.104 заостанување зад Малдонадо. Неколку возачи направија ситни грешки, но ништо посериозно сите успеаа да ги задржат своите болиди подалеку од бариерите.
Фернандо Алонсо исто така имаше добар настап, поставувајќи време 0.175 побавно од Вилијамсот. Ферари го започна тренингот со аеро боја на новата спецификација на нивното предно крило како дел од континуираните надградби на Ф2012.
Михаел Шумахер беше подобро пласираниот возач на Мерцедес АМГ, а разочарувачка сесија за двата болиди на Лотус со Кими Раиконен и Роман Грожан кои беа 10-ти и 11-ти најбрзи, но со поголемо заостанување зад водечкиот Вилијамс. Фелипе Маса беше само со 14-то најбрзо време во вториот болид на Ферари со заостанување од дури 1.219 секунди.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:40.890 22
2. Себастијан Ветел Ред Бул 1:40.973 + 0.083 21
3. Марк Вебер Ред Бул 1:40.984 + 0.094 19
4. Џенсон Батон Мекларен 1:40.994 + 0.104 19
5. Фернандо Алонсо Ферари 1:41.065 + 0.175 26
6. Пол ди Реста Форс Индија 1:41.105 + 0.215 15
7. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 1:41.117 + 0.227 22
8. Луис Хамилтон Мекларен 1:41.158 + 0.268 18
9. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:41.182 + 0.292 21
10. Кими Раиконен Лотус 1:41.620 + 0.730 21
11. Роман Грожан Лотус 1:41.784 + 0.894 15
12. Камуи Кобајаши Заубер 1:41.838 + 0.948 19
13. Серџо Перез Заубер 1:41.861 + 0.971 16
14. Фелипе Маса Ферари 1:42.109 + 1.219 20
15. Жил Бјанки Форс Индија 1:42.175 + 1.285 21
16. Валтери Ботас Вилијамс 1:42.299 + 1.409 24
17. Хеики Ковалаинен Катерам 1:42.442 + 1.552 26
18. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:42.758 + 1.868 26
20. Виталиј Петров Катерам 1:43.209 + 2.319 19
21. Чарлс Пик Марусија 1:44.173 + 3.283 18
22. Педро де ла Роса ХРТ 1:44.996 + 4.106 15
23. Нараин Картикејан ХРТ 1:45.120 + 4.230 23
24. Тимо Глок Марусија 1:45.338 + 4.448 7