Ферари и Мекларен како да не ги покажаа своите целосни потенцијали. Хамилтон не направи брз круг, додека Батон излезе порано со меките гуми на патеката. Алонсо и Маса направија серија од обиколки со меките гуми, а не само еден квалификациски круг, како што тоа го направија Хулкенберг и Кобајаши на пример.
Вилијамс би требало да се претстави во доста добро светло на утрешните квалификации. Лотус и Мерцедес АМГ се приказна за себе. По позитивните коментари пред доаѓањето во Валенсија, сега од Мерцедес АМГ викаат дека не очекуваат многу од овој викенд(блеф?!?). Лотус има проблем со температурата, ако за време на квалификациите имаме жешко време тие ќе се претстават во добро светло, но ако има облаци не очекувајте многу од нив.
Квалификационата сесија утре започнува од 14 часот.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Себастијан Ветел Ред Бул 1:39.334 33
2. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:39.465 + 0.131 32
3. Камуи Кобајаши Заубер 1:39.595 + 0.261 20
4. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 1:39.601 + 0.267 27
5. Бруно Сена Вилијамс 1:39.644 + 0.310 34
6. Пол ди Реста Форс Индија 1:39.700 + 0.366 32
7. Фернандо Алонсо Ферари 1:39.733 + 0.399 34
8. Роман Грожан Лотус 1:39.868 + 0.534 33
9. Марк Вебер Ред Бул 1:39.901 + 0.567 30
10. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:39.926 + 0.592 32
11. Кими Раиконен Лотус 1:39.945 + 0.611 34
12. Џенсон Батон Мекларен 1:39.990 + 0.656 33
13. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:40.075 + 0.741 29
14. Луис Хамилтон Мекларен 1:40.147 + 0.813 25
15. Фелипе Маса Ферари 1:40.244 + 0.910 35
16. Серџо Перез Заубер 1:40.511 + 1.177 29
17. Виталиј Петров Катерам 1:40.963 + 1.629 20
18. Даниел Рикардо Торо Росо 1:41.121 + 1.787 32
19. Хеики Ковалаинен Катерам 1:41.197 + 1.863 38
20. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:41.263 + 1.929 29
21. Тимо Глок Марусија 1:42.424 + 3.090 21
22. Чарлс Пик Марусија 1:42.958 + 3.624 30
23. Нараин Картикејан ХРТ 1:44.201 + 4.867 33
24. Педро де ла Роса ХРТ 1:44.260 + 4.926 12