Себастијан Ветел ја демонстрираше брзината на Ред Бул!!!
Себастијан Ветел со Ред Бул ја освои третата последователна Пол Позиција во Валенсија. Веднаш до него од првиот ред ќе стартува Луис Хамилтон со Мекларен. Втората ред резервиран за одличниот Пастор Малдонадо со Вилијамс и Ромен Грожан со Лотус.Во едни навистина неизвесни Квалификации на крај Себастијан Ветел од еден обид го забележа најбрзото време и ќе стартува прв, но остатокот од поредокот не е баш очекуван. Тоа пак значи дека би требало да ги имаме сите предуслови за интересна и возбудлива трка.
Првата жртва на денешните квалификации беше Марк Вебер. Проблемите со кочниците на последниот тренинг продолжи и во Q1, па тој направи само еден инсталациски круг по што се врати во боксовите и крај не успеа да помине во Q2. Од Ред Бул изјавија и дека неговиот ДРС-систем не работел. На денешните квалификациине настапи Тимо Глок кој отишол во болница поради стомачен вирус. Ако воопшто стартува утре, тоа ќе тргне последен.
Во Q2 имавме повеќе жртви, Алонсо, Шумахер, Маса, Перез... Малите разлики си го направија своето. Ферари на почетокот своите возачи ги испрати на медиум гумите, а подоцна тие имаа само еден обид на меките гуми. Дали тоа едноставно беше стратешка грешка, или некоја чудна стратегија на Италијанскиот тим?!?
Во последната сесија сите започнаа резервирано за на крај да имаме вистинска борба во делови од секундата. Возачите се менуваат на Пол Позицијата на секоја секунда прво беше Грожан на чело на поредокот, малку подоцна, Малдонадо, за на крај Ветел да направи супер круг за првата позиција. Батон и Хамилтон повторно беа на патеката. Батон остана на осмата позиција, а Хамилтон се проби на првиот стартен ред. Трката утре ќе се одвива на многу жешко време и може да очекуваме многу изненадувања. Разликата помеѓу Ветел и Хамилтон е три десетинки, колку што беше и во Канада за време на квалификациите. На трката беше сосема различно. Имајќи го предвид доброто темпо на Грожан и Раиконен на жешко време, зошто да не видиме некој од нив како победник? Исто така и Малдонадо ќе стартува од чистата страна на патеката. Тркате е со почеток од 14:00 CET, пренос на Македонска Телевизија, Прва програма.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Себастијан Ветел Ред Бул 1:38.086
2. Луис Хамилтон Мекларен 1:38.410 + 0.324
3. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:38.475 + 0.389
4. Роман Грожан Лотус 1:38.505 + 0.419
5. Кими Раиконен Лотус 1:38.513 + 0.427
6. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:38.623 + 0.537
7. Камуи Кобајаши Заубер 1:38.741 + 0.655
8. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:38.752 + 0.666
9. Џенсон Батон Мекларен 1:38.801 + 0.715
10. Пол ди Реста Форс Индија 1:38.992 + 0.906
Q2 Најбрзо Време:Р.Грожан 1:38.489 Разлика
11. Фернандо Алонсо Ферари 1:38.707 + 0.218
12. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 1:38.770 + 0.281
13. Фелипе Маса Ферари 1:38.780 + 0.291
14. Бруно Сена Вилијамс 1:39.207 + 0.718
15. Серџо Перез Заубер 1:39.358 + 0.869
16. Хеики Ковалаинен Катерам 1:40.295 + 1.806
17. Даниел Рикардо Торо Росо 1:40.358 + 1.869
Q1 Најбрзо Времe:П.Малдонадо 1:38.825 Разлика
18. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:40.203 + 1.378
19. Марк Вебер Ред Бул 1:40.395 + 1.570
20. Виталиј Петров Катерам 1:40.457 + 1.632
21. Педро де ла Роса ХРТ 1:42.171 + 3.346
22. Нараин Картикејан ХРТ 1:42.527 + 3.702
23. Чарлс Пик Марусија 1:42.675 + 3.850
107%: 1:45.742