Тимот на Ред Бул со спуштени глави ја напушти Валенсија во неделата вечерта. Тие велат дека во Валенсија имало заговор против нив. Од гледна точка на Ред Бул наместо Себастијан Ветел во Валенсија да стане првиот возач што победил на втора трка оваа сезона, безбедносното возило излегло да го спречи тоа.
"Ние ја контролиравме трката. Потоа дојде безбедносното возило, а причината се уште не ми е јасна. Мислам дека сето тоа беше да се направи трката поинтересна", вели Ветел.
Него го подржа и Хелмут Марко: "Немаше делови на патеката, имаше само гумени делови. Безбедносното возило намерно интервенираше бидејќи Ветел имаше повеќе од 20 секунди предност. Но, не само за Ветел,заговорот го потврдува и неказнувањето на Михаел Шумахер, за поминување на Вебер со отворен ДРС систем при жолти знамиња."
Според Вебер, Шумахер ја искористи предноста на ДРС-системот под жолти знамиња, што е забрането со прописите. За истата постапка во Барселона, Себ беше казнет. Но за Шумахер тоа не се случи. ФИА објасни дека ДРС-от на Шумахер беше отворен, но тој значително ја намалил својата брзина. Тоа во Барселона не беше важно, дали возачот забавил или не, ДРС е строго забранет под жолти знамиња. Не е тоа ли заговор против тимот на Ред Бул?!?
ВРЕМЕ Е СЕБ ДА ПОРАБОТИ НА СВОЕТО ОДНЕСУВАЊЕ!!!
По изјавите на Себастијан Ветел дека сите работат против нив, стигнаа лавини од реакции за двократниот светски шампион, со кои целосно се согласувам!!! Време е да научи да биде достоинствен и кога работите не одат како треба. Бавното возење зад безбедносниот автомобил не може да предизвика расипување на болидот, ако болидот на Ред Бул прегреа во оваа фаза од трката, тогаш тој не е дизајниран како треба. Пред Господинот Ветел да почне со критикувањето на организаторите на трката во Валенсија, требало да одвои малку време и да поработи на своето однесување. Ова е неспортско однесување кон своите колеги и јавноста.А ова веќе му се случува по втор пат оваа сезона.
Себастијан Фетел, затоа што потекнува од германско говорно подрачје.
ReplyDelete