Од времето кога имаше "адреналин" во Ф1 мотоспортот !!!
Сер Стирлинг Мос смета дека е "срамота" што Формула 1 е толку безбеден спорт во денешно време.
"Концептот, целата идеја, се се промени. Тоа е срамота, бидејќи имавме добра забава ризикувајќи го животот и екстремитетите, а сега го нема тоа. Според мое мислење, ако не сакаат да преземаат ризици, нека играат тенис", изјави оваа Британска Ф1 легенда, од 50-тите години, за австриската Servus телевизија.
Мос признава дека опасноста била клучен фактор за неговото уживање на Гран При трките.