Оваа година, патеката Хокенхајм го слави својот 80-ти роденден. Тркачката треска започнала кога на
29 мај 1932 година се одржала "1st motorcycle race". Никој тогаш не можел да предвиди какво влијание тоа ќе има врз овој мал град кој со тек на времето ќе стане познат низ целиот свет.
80 годишната историја на моторни трки била сведок на многу рекордни подвизи и
моменти на спортска слава. Сите познати тркачки легенди минале низ познатата Баден траса,
гледани од страна на милиони навивачи на трибините, но исто така и од фановите низ целиот свет преку многуте телевизиски преноси од патеката.
Тоа е една од ретките патеки со
традиција, која денес им конкурира на новите модерни патеки, и уште припаѓа во врвот на меѓународните тркачки патеки. Формула 1 за прв пат се одржала тука во 1970 година, и е
еден од најголемите национални спортски настани за Германија. Оваа 2012 сезона се покажува како една од највозбудливите, а возачите секогаш уживаат во
фасцинантната атмосфера во легендарниот Motodrom, како и поради близината на фановите до возачите. Сето ова викендот во Хокенхајм го прави толку уникатен и посебен.
Последната Ф1 трка беше во 2010 година и остана запамтена по тимската наредба на Ферари до Фелипе Маса: "Фернандо е побрз од тебе". Трката што следува треба да биде интересна и од стратешка гледна точка, бидејќи гумите на Пирели се немаат натпреварувано на редизајнираниот Хокенхајм, па така Ф1 тимовите ќе работат напорно за време на тренинзите за да ја дознаат најдобрата стратегија за време на викендот. Температурата ќе биде од клучно значење за исходот.
Новата редизајнирана патека Хокенхајн беше претставена во 2002 година и е добро позната на Ф1 тимовите, а последна трката што се одржа таму се покажа прилично сурова кон Бриџстоун гумите, а истото се очекува и со гумите на Пирели.
Германското Гран При е 10-та трка од оваа сезона, а битката за титулите се уште е неизвесна со седум различни победници во девет трки. Само Фернандо Алонсо и Марк Вебер имаат по две Победи, а воедно и тие се водечките возачи во Шампионатот.
Ред Бул и Ферари се двата тимови што во моментов треба да се победат. Мекларен падна назад во последните две трки и имаат потреба од надградби(кои се најавени за оваа трка), а Лотус само се заканува со Победи на трката, но лошите перформанси во квалификациите го спречуваат овој тим да добие контрола врз трката од самиот почеток. Михаел Шумахер четири пати Победувал на Германското ГП, Фернандо Алонсо и Луис Хамилтон имаат по Две Победи, а Марк Вебер Победувал само еднаш од моментално активните возачи. Како што приметивте во Победниците го нема Себастијан Ветел, и за годинава тој ја најавува својата деби Победа, дали е во право ќе знаеме во Недела во ова време.
ВО ПРЕСРЕТ НА ГЕРМАНСКОТО ГРАН ПРИ
7/19/2012 07:23:00 PM
0
Tags
Share to other apps