Алонсо ја поведе трката, но не издржа до крај!!!
Марк Вебер ја забележа својата втора сезонска Победа на изненадувачки сувата патека Силверстоун. Ред Бул ја доби стратешката битка меѓу нив и Ферари.
Алонсо ја водеше трката до 48-от круг кога беше поминат од страна на Марк Вебер. Овој потег се очекуваше со оглед на тоа што меките гуми на кои беше Алонсо веќе беа истрошени. Себастијан Ветел дојде до третото место на Подиумот во прилично тивка трка за него, пред Фелипе Маса и болидите на Лотус, Кими Раиконен и Ромaн Грожан, кој имаше импресивно темпо при крајот на трката.Михаел Шумахер, кој стартуваше од третата позиција, некако ја заврши трката на седмото место. Немаше дожд, па така неговите надежи на нешто повеќе ги стопи неочекуваното Британско сонце. Не баш добар ден и за болидите на Мекларен, па така Луис Хамилтон заврши само осми, а Батон со десеттото место освои само еден бод. Бруно Сена се пласираше на девето место за нови два бода за него.
ГОЛЕМА НАГРАДА НА БРИТАНИЈА, СИЛВЕРСТОУН.
52 круга, 306.198км, Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Марк Вебер Ред Бул 1ч25:11.288
2. Фернандо Алонсо Ферари + 3.060
3. Себастијан Ветел Ред Бул + 4.836
4. Фелипе Маса Ферари + 9.519
5. Кими Раиконен Лотус + 10.314
6. Роман Грожан Лотус + 17.101
7. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ + 29.153
8. Луис Хамилтон Мекларен + 36.400
9. Бруно Сена Вилијамс + 43.300
10. Џенсон Батон Мекларен + 44.400
11. Камуи Кобајаши Заубер + 45.300
12. Нико Хулкенберг Форс Индија + 47.800
13. Жан-Ерик Верн Торо Росо + 51.200
14. Даниел Рикардо Торо Росо + 53.300
15. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 57.300
16. Пастор Малдонадо Вилијамс + 1 круг
17. Хеики Ковалаинен Катерам + 1 круг
18. Тимо Глок Марусија + 1 круг
19. Чарлс Пик Марусија + 1 круг
20. Педро Де Ла Роса ХРТ + 2 круга
21. Нараин Картикејан ХРТ + 2 круга
НАЈБРЗ КРУГ: Кими Раиконен - 1:34.661
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ При Круг
Серџо Перез Заубер 14
Пол Ди Реста Форс Индија 3
Витали Петров Катерам 1
Генерален Пласман по 9 Трки:
ВОЗАЧИ: КОНСТРУКТОРИ:
1. Ф.Алонсо 129 1. Ред Бул 216
2. М.Вебер 116 2. Ферари 152
3. С.Ветел 100 3. Лотус 144
4. Л.Хамилтон 92 4. Мекларен 142
5. К.Раиконен 83 5. Мерцедес АМГ 98
6. Н.Розберг 75 6. Заубер 60
7. Р.Грожан 61 7. Вилијамс 47
8. Џ.Батон 50 8. Форс Индија 44
9. С.Перез 39 9. Торо Росо 6
10. П.Малдонадо 29
11. П.Ди Реста 27
12. М.Шумахер 23
13. Ф.Маса 23
14. К.Кобајаши 21
15. Б.Сена 18
16. Н.Хулкенберг 17
17. Ж.Верн 4
18. Д.Рикардо 2

