Од најбавни, до рекордно најбрзи !!!
За помалку од времето кое е потребно да го прочитате овој текст, механичарите на Џенсон Батон поставија Нов Светски Рекорд за најбрз пит-стоп во историјата на Формула 1 мотоспортот. Времето е 2.31 секунди поставено за време на Германското Гран При во Хокенхајм.
Мекларен по почетните проблеми со застанувањата во боксот сега поставуваат рекордни времиња, и имаат најбрзо време во Канада, Валенсија, Силверстоун и Хокенхајм, т.е. во последните четири трки. Дека брзината на менување гуми е важна, го потврдува и фактот што најбрзиот пит стоп, при второто застанување на Батон, се покажа одлучувачки во битката со Себастијан Ветел за втората позиција.
МЕКЛАРЕН ПОСТАВУВА РЕКОРДИ ЗА ИСТОРИЈАТА НА ФОРМУЛА 1
7/25/2012 12:31:00 PM
0
Tags
Share to other apps