Алонсо прв возач со три Победи сезонава!!!
Фернандо Алонсо ја забележа третата Победа во оваа сезона со супер извозена и менаџирана трка за Германското Гран При. Трката имаше интересна завршница во која Џенсон Батон се чинеше дека се заканува за првото место на Ферари, но на крајот беше поминат од страна на Себастијан Ветел во претпоследниот круг.Алонсо имаше одличен старт, а потоа го задржа првото место се до самиот финиш на трката, издржувајќи ги притисоците од Ветел при вториот стинт и потоа Батон во третиот стинт, кога се беше во прашање кој подобро ќе ги зачува гумите до самиот крај.
Ветел кој го помина Батон во претпоследниот круг, но при тоа беше излезен надвор од патеката, па овој потег е под истрага од страна на стјуардите и може да резултира со казна за возачот на Ред Бул. Но според мене тоа би било сосема незаслужена казна, а тоа беше само тркачки инцидент. Годинава Стјуардите решиле да се најстроги што може да биде, па Германецот доби казна од 20 секунди, што е еквивалент на поминување низ боксовите, а со тоа падна на 5-тото место.
Како што рековме трката започна со одличен старт на Алонсо, кој на почетокот успеа малку да се одлепи од Ветел, кој подоцна почна да ја намалува предноста, но пред првото влегување во боксовите Алонсо ги извади последните атоми од меките гуми на Пирели и успеа да се создаде доволна разлика за мирно влегување во боксовите. Уште тогаш се насетуваше дека Ред Булот малку повеќе ги троши гумите, а тоа значеше дека ќе биде тешко да се престигне расположениот Алонсо.
Жртви на почетокот на трката беа Фелипе Маса кој во инцидентот со Даниел Рикардо заврши без преден спојлер на својот болид, а како последица на остатоците од истиот расфрлани низ патеката, Хамилтон заработи дупната гума, со што трката за овие два возачи беше завршена.
По првото влегување во бокс, водечките болиди излегоа со тврди гуми, кои не работеа баш најдобро на болидот на Алонсо, па Ветел почна да ја намалува разликата, но не доби вистинска шанса да го нападне Шпанецот за првото место. Зад него Мекларенот на Џенсон Батон демонстрираше дека е најбрзиот на патеката и опасно се доближуваше до него. Мора да напоменеме дека тој беше потпомогнат во тој дел од трката од својот тимски колега Луис Хамилтон, кој беше поминат од Алонсо и Ветел за еден круг, а доби тимска наредба да не му прави ни најмал проблем кога ќе биде престигнат и од Батон. Но, Хамилтон направи неочекуван и невиден потег до сега на трките, и предизвика хаос со трката на Ветел, кога нападна со сите сили и успеа да го престигне Ветел, а потоа продолжи да го напаѓа и Алонсо, но Ферарито не дозволи ново престигнување. Уште еден интересен момент од трката, за кој стручњаците дебатираат не дали е дозволен, туку дали е морално исправен.
Пред влегувањето по втор пат во боксовите, имавме три болиди во игра за Победа, Алонсо-Ветел-Батон. Интересно нема што. Батон, прв влезе во бокс, ја искористи помошта на Хамилтон, и при влегувањето во боксовите на Алонсо и Ветел, успеа да ја превземе позицијата на Германецот, а му недостигаа 1-2 секунди и за првото место.
Мекларен дефинитивно денес(во изјавите по трката сите го признаа тоа) беше најбрзиот болид на патеката, па Батон го стигна Алонсо, и беше на помалку од една секунда до Ферарито на Алонсо. Тука можеби ја направија и најголемата тактичка грешка, бидејќи од тимот му кажаа да ги чува гумите, и дека во последните неколку круга ќе има доволно брзина да стигне до Победата. Но, се случи обратното, поради долгото возење зад Ферарито, тој беше првиот од водечката тројка на кого му откажаа гумите. Тоа беше шанса за Ветел, кој виде можност за второ место. Го напаѓаше Мекларенот, а престигнувањето на Батон му успеа во претпоследниот круг, но Стјуардите решија дека тоа било направено на нелегален начин, па на крај не само што го изгуби второто место, туку на зелената маса заврши на 5-тото место.
Во меѓувреме, Алонсо имаше чиста патека за нова победа, и зголемување на предноста во генералниот пласман на 34 поени зад Вебер.
Раиконен заврши на четвртото, т.е. третото место, но никогаш не изгледаше дека може да ги предизвика водечките три болиди. Зад него трката ја заврши Кобајаши, на 5-то, т.е. 4-то место, негов најдобар пласман на сезоната. Ветел официјално зад Кобајаши, на 5-то место.
Дека на Заубер му одговара оваа патека потврди и Серџо Перез кој стартуваше од 17-тата стартна позиција, за на крај да заврши на 6-тото место. Михаел Шумахер, кој стартуваше трет, мораше да се коцка со стратегија од 3 пит стопа, бидејќи Мерцедесот никако не може да најде перформанси и во трката, а и повторно се мачеше со деградацијата на гумите. На крај со незадоволително седмо место за него.
Марк Вебер си игра топло-ладно со својот болид. Од борба за Победа во една трка, до мака мачење да се пласира во поени на друга. Денес имаше ден за заборав и на крајот само осмо место. Нико Хулкенберг и Нико Розберг ги заокружија првите десет места, а со тоа и освојувачите на поени на оваа интересна трка.
Возачите од кои се очекуваше повеќе, но разочараа, беа многу малку, но како по обичај тука е Фелипе Маса, кој беше и "виновник" за дупнатата гума на Хамилтон, но тој барем ја направи трката интересна. Роман Грожан исто така немаше свој ден, и по оштетувањата во почетокот на трката, заврши само на 18-тото место.
ГОЛЕМА НАГРАДА НА ГЕРМАНИЈА, ХОКЕНХАЈМ
67 круга, 306.458км, Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Фернандо Алонсо Ферари 1ч31:05.862
2. Себастијан Ветел Ред Бул + 3.732
3. Џенсон Батон Мекларен + 6.949
4. Кими Раиконен Лотус + 16.409
5. Камуи Кобајаши Заубер + 21.925
6. Серџо Перез Заубер + 27.896
7. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ + 28.960
8. Марк Вебер Ред Бул + 46.900
9. Нико Хулкенберг Форс Индија + 48.100
10. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 48.800
11. Пол Ди Реста Форс Индија + 59.200
12. Даниел Рикардо Торо Росо + 1:11.400
13. Фелипе Маса Ферари + 1:16.800
14. Жан-Ерик Верн Торо Росо + 1:16.900
15. Пастор Малдонадo Вилијамс + 1 круг
16. Виталиј Петров Катерам + 1 круг
17. Бруно Сена Вилијамс + 1 круг
18. Роман Грожан Лотус + 1 круг
19. Хеики Ковалаинен Катерам + 2 круга
20. Чарлс Пик Марусија + 2 круга
21. Педро Де Ла Роса ХРТ + 3 круга
22. Тимо Глок Марусија + 3 круга
23. Нараин Картикијан ХРТ + 3 круга
Најбрз Круг: Михаел Шумахер - 1:18.275
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ При Круг
Луис Хамилтон Мекларен 58
Генерален Пласман по 10 трки:
ВОЗАЧИ: КОНСТРУКТОРИ:
1. Ф.Алонсо 154 1. Ред Бул 230
2. М.Вебер 120 2. Ферари 177
3. С.Ветел 110 3. Мекларен 160
4. К.Раиконен 98 4. Лотус 159
5. Л.Хамилтон 92 5. Мерцедес АМГ 105
6. Н.Розберг 76 6. Заубер 80
7. Џ.Батон 68 7. Вилијамс 47
8. Р.Грожан 61 8. Форс Индија 46
9. С.Перез 47 9. Торо Росо 6
10. К.Кобајаши 33
11. П.Малдонадо 29
12. М.Шумахер 29
13. П.ди Реста 27
14. Ф.Маса 23
15. Н.Хулкенберг 19
16. Б.Сена 18
17. Ж.Верн 4
18. Д.Рикардо 2
*Ветел заработи казна од 20 секунди
поради неправилно престигнување на Џенсон Батон.