Победничката тројка денес во Силверстоун !!!
Фернандо Алонсо ја забележа првата Пол позиција за Ферари и него од 2010 година на трката во Сингапур, и беше поуспешен за неколку стотинки од Марк Вебер на втората стартна позиција, и Михаел Шумахер со Мерцедес АМГ на третата стартна позиција. Поради дождот Квалификациите беа прекинати повеќе од 90 минути. Кога нивото на водата на патеката стана подносливо сесијата продолжи, а во тие хаотични услови Алонсо го извлече максимумот од неговото Ферари. При крајот на Q2, при излетувањето на Грожан, дојде до израз искуството на Алонсо и неговите возачки способности, кога беше доволно брз за да биде во Q3, но доволно бавен во последниот сектор за да не биде казнет !!!Дождот денес ја играше главната улога, а возачите се адаптираа на него, е сега тој што не се адаптира, како на пример Батон, кој има конкурентен болид, ќе стартува од последните стартни позиции. Ова беа рулет квалификации, и од првата позиција во моментот, веќе во следниот не си ја поминал сесијата. Тоа беше случајот со Серџо Перез, кога беше прекината Q2, беше најбрз, но по паузата не се снајде најдобро. Прогнозите за утре се дека ќе имаме променливо време со неизбежниот Британски дожд, е сега во кој дел од трката и дали ќе го имаме ќе дознаеме утре со почеток во 14:00 ceт. Поздрав до утре.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Фернандо Алонсо Ферари 1:51.746
2. Марк Вебер Ред Бул 1:51.793 + 0.047
3. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 1:52.020 + 0.274
4. Себастијан Фетел Ред Бул 1:52.199 + 0.453
5. Фелипе Маса Ферари 1:53.065 + 1.319
6. Кими Раиконен Лотус 1:53.290 + 1.544
7. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:53.539 + 1.793
8. Луис Хамилтон Мекларен 1:53.543 + 1.797
9. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:54.382 + 2.636
10. Роман Грожан Лотус без поставено време
Q2 Најбрзо време: Л.Хамилтон 1:54.897 Разлика
11. Пол ди Реста Форс Индија 1:57.009 + 2.112
12. Камуи Кобајаши Заубер 1:57.071 + 2.174
13. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:57.108 + 2.211
14. Даниел Рикардо Торо Росо 1:57.132 + 2.235
15. Бруно Сена Вилијамс 1:57.426 + 2.529
16. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:57.719 + 2.822
17. Серџо Перез Заубер 1:57.895 + 2.998
Q1 Најбрзо време: Н.Хулкенберг 1:46.334 Разлика
18. Џенсон Батон Мекларен 1:48.044 + 1.765
19. Виталиј Петров Катерам 1:49.027 + 2.748
20. Хеики Ковалаинен Катерам 1:49.477 + 3.198
21. Тимо Глок Марусија 1:51.618 + 5.339
22. Педро де ла Роса ХРТ 1:52.742 + 6.463
23. Нараин Картикејан ХРТ 1:53.040 + 6.761
24. Чарлс Пик Марусија 1:54.143 + 7.864
107% време: 1:53.718