Дали Батон конечно го пронајде вистинскиот сет-ап на болидот !!!
Џенсон Батон со Мекларен по подолго време забележаа најбрзото време на првиот слободен тренинг за Германското ГП. Згора на тоа второто најбрзо време е за неговиот тимски колега Луис Хамилтон, а трето време имаше Ферарито на Фернандо Алонсо.Како и на Силверстоун, неколку пати заврна за време на тренинг сесијата, но не во толкава количина како во Британија. Конечно ги видовме експерименталните Тврди гуми на Пирели, но најбрзите времиња беа поставени со медиум гумите. Батон го забележа најбрзото време на почетокот на тренингот пред да почне да паѓа дождот. Во последните 10 минути, патеката беше најсува, а тоа значеше многу болиди на истата. Тогаш Хамилтон го забележа второто најбрзо време за 1-2 на Мекларен, а Алонсо го подобри своето време за да излезе на трето место пред Мерцедесот на Михаел Шумахер. Но, како и секогаш кога има дожд, поставените времиња не можат да дадат реална слика за распределбата на силите.
Гаражата на Лотус беше во центарот на вниманието, а голем дел од тренингот нивните механичари се обидуваа да ги запрат ТВ-камерите за Close Up снимки од надградениот E20 на Кими Раиконен. Неговиот болидот располагаше со некаков вид на двоeн ДРС-систем сличен, но не идентичен со оној на Мерцедес АМГ. Но, Раиконен заврши само како 15-ти најбрз болид. Неговиот тимски колега Грожан го немаше новиот систем на неговиот болид.
Разочарувачка сесија и за болидите на Ред Бул, но појасна слика ќе добиеме на вториот слободен тренинг кој започнува во 14:00 cет.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Џенсон Батон Мекларен 1:16.595 27
2. Луис Хамилтон Мекларен 1:17.093 0.498 22
3. Фернандо Алонсо Ферари 1:17.370 0.775 21
4. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 1:17.382 0.787 20
5. Серџо Перез Заубер 1:17.413 0.818 28
6. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:17.599 1.004 17
7. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:17.915 1.320 27
8. Фелипе Маса Ферари 1:17.995 1.400 22
9. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:18.020 1.425 20
10. Роман Грожан Лотус 1:18.130 1.535 21
11. Камуи Кобајаши Заубер 1:18.226 1.631 22
12. Себастијан Ветел Ред Бул 1:18.339 1.744 21
13. Валтери Ботас Вилијамс 1:18.422 1.827 28
14. Даниел Рикардо Торо Росо 1:18.709 2.114 30
15. Кими Раиконен Лотус 1:18.831 2.236 14
16. Жил Бјанки Форс Индија 1:18.972 2.377 21
17. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:19.039 2.444 34
18. Виталиј Петров Катерам 1:19.674 3.079 24
19. Хеики Ковалаинен Катерам 1:19.963 3.368 24
20. Марк Вебер Ред Бул 1:20.122 3.527 27
21. Чарлс Пик Марусија 1:20.169 3.574 20
22. Тимо Глок Марусија 1:20.539 3.944 18
23. Педро Де Ла Роса ХРТ 1:21.138 4.543 24
24. Дани Клос ХРТ 1:21.740 5.145 27