Во моментите кога патеката беше сува Пастор Малдонадо со Вилијамс го забележа најбрзото време !!!
Пастор Малдонадо го извозе најбрзиот круг на вториот слободен тренинг за Германското Гран При во Хокенхајм, а редоследот беше одлучен во голема мера од тоа кој беше на патеката во вистински момент.
Пред стартот имаше пороен дожд, па така првите минути од сесијата поминаа без многу болиди на патеката, а само Бруно Сена направи инсталациски круг да види дали е се во ред со неговиот Вилијамс, со кој Валтери Ботас на првиот тренинг излета и удри во бариерире.
На патеката и требаа 20 минути да стане поднослива за возење, кога болидите почнаа да излегуваат во поголем број. Во оваа фаза услови на патеката постојано се подобруваа, и 15-тина минути подоцна Розберг прв ги замени Full-wet со Интермедиа гумите на Пирели, потег кој го следеа и другите возачи.
Таман што на патеката почна да се појавува сува линија, а тоа беше периодот кога Малдонадо беше најбрз, и кога сите мислевме дека болидите ќе се префлат на гумите за суво време, дождот се врати на Хокенхајм во изобилство.
По кратката пауза, возачите излегоа на патеката повторно, но условите беа катастрофални. Прв не може да го контролира болидот Хамилтон, излезе надвор од патеката и веднаш беше советуван од своите механичари да не форсира и да го чува болидот од оштетувања. Но, тоа не му успеа на Михаел Шумахер кој на 4 минути до крајот на тренингот го "загуби" задниот дел на неговиот Мерцедес АМГ и со поголема брзина го удри својот болид во заштитните бариери покрај патеката, оштетувајќи ги во голема мера двата краја на болидот. Следуваше црвено знаме, а со тоа и предвремен крај на овој тренинг.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:27.476 14
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:27.564 + 0.088 24
3. Себастијан Ветел Ред Бул 1:27.902 + 0.426 24
4. Серџо Перез Заубер 1:28.402 + 0.926 26
5. Роман Грожан Лотус 1:28.420 + 0.944 20
6. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:28.495 + 1.019 22
7. Даниел Рикардо Торо Росо 1:28.513 + 1.037 23
8. Џенсон Батон Мекларен 1:28.516 + 1.040 16
9. Марк Вебер Ред Бул 1:28.877 + 1.401 21
10. Кими Раиконен Лотус 1:29.327 + 1.851 22
11. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:29.364 + 1.888 26
12. Фелипе Маса Ферари 1:29.719 + 2.243 15
13. Камуи Кобајаши Заубер 1:29.785 + 2.309 24
14. Чарлс Пик Марусија 1:30.090 + 2.614 19
15. Тимо Глок Марусија 1:30.220 + 2.744 16
16. Бруно Сена Вилијамс 1:30.291 + 2.815 22
17. Хеики Ковалаинен Катерам 1:30.331 + 2.855 26
18. Пол ди Реста Форс Индија 1:30.437 + 2.961 14
19. Луис Хамилтон Мекларен 1:30.617 + 3.141 16
20. Фернандо Алонсо Ферари 1:31.207 + 3.731 20
21. Виталиј Петров Катерам 1:32.241 + 4.765 22
22. Нараин Картикејан ХРТ 1:32.349 + 4.873 17
23. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 1:32.777 + 5.301 18
24. Педро де ла Роса ХРТ 1:42.566 + 15.090 8