Фернандо Алонсо беше во можност да најде повеќе брзина во својот болид отколку било кој друг на Full-wet гумите на Пирели. Втор беше Себастијан Ветел, кој заостана дури 4 стотинки зад најбрзото време, а третиот најбрз денес, Марк Вебер заостануваше речиси 2 секунди. Михаел Шумахер беше четврти и Нико Хулкенберг петти, но Вебер има казна од пет стартни места наназад, што значи дека овие возачи ќе напредуваат една позиција понапред.
Тројца возачи на првите четири позиции на патеката се Германци, од кои Нико Хулкенберг со Форс Индија ја забележа својата најдобра стартна позиција во сезоната бодрен од домашната публика. Неговиот тимски колега Пол ди Реста исто така, се пласираше во Q3 и ќе стартува од деветтата позиција.
Пастор Малдонадо заврши на како шести најбрз со неговиот Вилијамс, и тоа пред двата болиди на Мекларен. За прв пат оваа сезона, Џенсон Батон беше побрзо од Луис Хамилтон. Хамилтон и Малдонадо повторно во близина, ќе биде интересно утре на стартот. Кими Раиконен беше последен во Q3 сесијата и ги заокружи најбрзите Топ 10 возачи.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Фернандо Алонсо Ферари 1:40.621
2. Себастијан Ветел Ред Бул 1:41.026 + 0.405
3. Марк Вебер Ред Бул 1:41.496 + 1.838
4. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 1:42.459 + 2.880
5. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:43.501 + 3.329
6. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:43.950 + 3.492
7. Џенсон Батон Мекларен 1:44.113 + 3.565
8. Луис Хамилтон Мекларен 1:44.186 + 0.875
9. Пол ди Реста Форс Индија 1:44.889 + 4.268
10. Кими Раиконен Лотус 1:45.811 + 5.190
Q2 Најбрзо време: Л.Хамилтон 1:37.365 Разлика
11. Даниел Рикардо Торо Росо 1:39.789 + 2.424
12. Серџо Перез Заубер 1:39.933 + 2.568
13. Камуи Кобајаши Заубер 1:39.985 + 2.620
14. Фелипе Маса Ферари 1:40.212 + 2.847
15. Роман Грожан Лотус 1:40.574 + 3.209
16. Бруно Сена Вилијамс- 1:40.752 + 3.387
17. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:41.551 + 4.186
Q1 Најбрзо време: К.Раиконен 1:15.693 Разлика
18. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:16.741 + 1.048
19. Хеики Ковалаинен Катерам 1:17.620 + 1.927
20. Виталиј Петров Катерам 1:18.531 + 2.838
21. Чарлс Пик Марусија 1:19.220 + 3.527
22. Тимо Глок Марусија 1:19.291 + 3.598
23. Педро де ла Роса ХРТ 1:19.912 + 4.219
24. Нараин Картикејан ХРТ 1:20.230 + 4.537
107% време: 1:20.991