Хамилтон овој викенд беше лига за себе !!!
Луис Хамилтон ја забележа својата 19 Победа на Унгарското Гран При. Шансите за дожд како што се наближуваше трката рапидно опаѓаа, а со тоа рапидно се зголемуваа шансите на Хамилтон кој покажа и докажа дека не може никој да му конкурира во брзина овој викенд. Имаше одличен старт на трката, направи веднаш сигурна предност пред Грожан колку да биде надвор од ДРС зоната и до крајот сите конци беа во негови раце. Докажа дека оваа сезона не е оној истиот Луис од претходните години, кога сакаше со глава низ зид да помине, туку дека оваа сезона е многу трпелив, за што и самиот е горд, како што изјави по трката.Најблиски конкуренти ги имаше во болидите на Лотус, и тоа при првото влегување го контролираше Грожан зад себе, а потоа во последниот стинт истото го направи со Раиконен. Позициите на трката денес се решаваа со добра стратегија, бидејќи ДРС-системот се покажа како неефективен за претекнување на Хунгароринг. Лотус се надеваше дека ќе откажат гумите на болидот на Луис, но и тоа не го дочекаа, бидејќи Британецот беше едноставно недостижно брз, па кога беше потребно ги зачува и своите гуми.
На крај Кими Раиконен се задоволи со второто место и победата над својот тимски колега низ боксовите. Грожан на крај се пласира на третото скалило од подиумот, што е одличен пласман за Французинот. Следуваа Себастијан Ветел, кој со третата посета на боксовите се обиде да се пласира на подиумот, но не успеа. Фернандо Алонсо заврши петти и го зголеми своето водство на 40 бода, бидејќи заврши пред Џенсон Батон, Бруно Сена, Марк Вебер, Фелипе Маса и Нико Розберг.
ГОЛЕМА НАГРАДА НА УНГАРИЈА, ХУНГАРОРИНГ
70 круга, 306.630км, Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Луис Хамилтон Мекларен 1ч41:05.503
2. Кими Раиконен Лотус + 1.032
3. Роман Грожан Лотус + 10.518
4. Себастијан Ветел Ред Бул + 11.614
5. Фернандо Алонсо Ферари + 26.653
6. Џенсон Батон Мекларен + 30.243
7. Бруно Сена Вилијамс + 33.899
8. Марк Вебер Ред Бул + 34.458
9. Фелипе Маса Ферари + 38.300
10. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 51.200
11. Нико Хулкенберг Форс Индија + 57.200
12. Пол Ди Реста Форс Индија + 1:02.800
13. Пастор Малдонадо Вилијамс + 1:03.600
14. Серџо Перез Заубер + 1:04.400
15. Даниел Рикардо Торо Росо + 1 круг
16. Жан-Ерик Верн Торо Росо + 1 круг
17. Хеики Ковалаинен Катерам + 1 круг
18. Камуи Кобајаши Заубер + 2 круга
19. Виталиј Петров Катерам + 2 круга
20. Чарлс Пик Марусија + 2 круга
21. Тимо Глок Марусија + 3 круга
22. Педро Де Ла Роса ХРТ + 3 круга
Најбрз Круг: Себастијан Ветел - 1:24.136
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ ПРИ КРУГ
Нараин Картикејан ХРТ 63
Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 61
Генерален пласман по 11 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Ф.Алонсо 164 1. Ред Бул 246
2. М.Вебер 124 2. Мекларен 193
3. С.Ветел 122 3. Лотус 192
4. Л.Хамилтон 117 4. Ферари 189
5. К.Раиконен 116 5. Мерцедес АМГ 106
6. Н.Розберг 77 6. Заубер 80
7. Р.Грожан 76 7. Вилијамс 53
8. Џ.Батон 76 8. Форс Индија 46
9. С.Перез 47 9. Торо Росо 6
10. К.Кобајаши 33
11. П.Малдонадо 29
12. М.Шумахер 29
13. П.ди Реста 27
14. Ф.Маса 25
15. Б.Сена 24
16. Н.Хулкенберг 19
17. Ж.Верн 4
18. Д.Рокардо 2