Хамилтон многу брз на Хунгароринг !!!
Луис Хамилтон супериорно до 150-тата Пол Позиција за тимот на Мекларен. Денес на Хунгароринг, тој немаше достоен противник кој би му ја одзел првата стартна позиција, а беше најбрз и во сите три квалификациски сесии. Британецот беше единствениот возач со време под 1м21с. и обезбеди речиси половина секунда предност пред вториот најбрз возач, Роман Грожан, со Лотус. Ова е прв пласман за Французинот на првиот стартен ред во Формула 1 и можеби се отвора можност за првата победа на Лотус за 2012 година. Себастијан Ветел беше трет, колку да покаже дека Ред Бул се уште е конкуренет и покрај што мораа да го променат мапирањето на своите мотори.Џенсон Батон не можеше да одговори на темпото на Хамилтон, но сепак ќе започне од четвртата стартна позиција, за разлика пак од Марк Вебер, кој не успеа да влезе во Најбрзите 10 возачи. Добриот настап на Лотус го потврди и Кими Раиконен кој ја освои 5-тата стартна позиција, пред двата болиди на Ферари т.е. Фернандо Алонсо пред Фелипе Маса. По Ферарите следуваат двата болиди на Вилијамс, кои за прв пат оваа сезона се во Топ 10. Најбрзите ги заокружи Нико Хулкенберг, со Форс Индија.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Луис Хамилтон Мекларен 1:20.953
2. Роман Грожан Лотус 1:21.366 + 0.413
3. Себастијан Ветел Ред Бул 1:21.416 + 0.463
4. Џенсон Батон Мекларен 1:21.583 + 0.630
5. Кими Раиконен Лотус 1:21.730 + 0.777
6. Фернандо Алонсо Ферари 1:21.844 + 0.891
7. Фелипе Маса Ферари 1:21.900 + 0.947
8. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:21.939 + 0.986
9. Бруно Сена Вилијамс 1:22.343 + 1.390
10. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:22.847 + 1.894
Q2 Најбрзо време: Л.Хамилтон 1:21.060 Разлика
11. Марк Вебер Ред Бул 1:21.715 + 0.655
12. Пол ди Реста Форс Индија 1:21.813 + 0.753
13. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:21.895 + 0.835
14. Серџо Перез Заубер 1:21.895 + 0.835
15. Камуи Кобајаши Заубер 1:22.300 + 1.240
16. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:22.380 + 1.320
17. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 1:22.723 + 1.663
Q1 Најбрзо време: Л.Хамилтон 1:21.794 Разлика
18. Даниел Рикардо Торо Росо 1:23.250 + 1.456
19. Хеики Ковалаинен Катерам 1:23.576 + 1.782
20. Виталиј Петров Катерам 1:24.167 + 2.373
21. Чарлс Пик Марусија 1:25.244 + 3.450
22. Тимо Глок Марусија 1:25.476 + 3.682
23. Педро де ла Роса ХРТ 1:25.916 + 4.122
24. Нараин Картикејан ХРТ 1:26.178 + 4.384
107% време: 1:27.519